Се гради нова водоводна линија на улица Белградска во општина Центар

Скопје, 07.06.2021 година - Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација, Душко Вескоски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на новата водоводна мрежа во должина од 1000 метри на улица Белградска во општина Центар.

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-01.jpg

Со изградбата на новата водоводна мрежа, што го опфаќа делот на улица Белградска од крстосницата со булеварот Мајка Тереза до крстосницата со улицата Димче Мирчев, се обезбедува оформување на циркулационен прстен, односно поврзување на два големи цевковода.

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-02.jpg

Оваа водоводна мрежа е со лиено дуктилни цевки со дијаметар од 200мм и ќе овозможи подобрување на притисокот во водоводната линија за сите корисници во тој дел на Центар. На новата мрежа ќе се поврзат и дел од болниците во Клинички центар Мајка Тереза, како Универзитетска клиника за хематологија Скопје  и Институтот за трансфузиона медицина, а Универзитетската клиника за детски болести ќе добие сосема нов приклучок.

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје за реализација на овој зафат издвои 14.500.000 денари.

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-03.jpg

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-04.jpg

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-05.jpg

se-gradi-nova-vodovodna-linija-na-ulica-belgradska-vo-opshtina-centar-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...

Најчитани неделава