Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За една недела отстранети 229 непрописно паркирани возила од јавните површини

Скопје, 10.06.2021 година - Во текот на изминатата недела (03.06 - 09.06.2021 година) со специјалните возила пајак се подигнати 229 возила од јавните површини. 

za-edna-nedela-otstraneti-229-nepropisno-parkirani-vozila-od-javnite-povrshini-01.jpg

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 21 е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 208 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 411 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Пар од Хрватска е воодушевен од Македонија: „Не е ни Берлин, ни Париз - Скопје е“ „Прва станица Скопје. Запознавме прекрасни и многу љубезни луѓе. Се сликавме со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg