Се асфалтира булеварот Никола Карев

Скопје, 16.06.2021 година - Екипите на Град Скопје почнаа со асфалтирање на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Деновиве се поставува носечкиот слој асфалт на проширениот дел од овој нов булевар, а асфалтирањето ќе продолжи и во наредниот период.

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-01.jpg

На терен се работи на траса долга околу еден километар, постојниот коловоз се проширува на 4 сообраќајни ленти, се прави простор за разделно зеленило и се оформуваат мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

На булеварот Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, се изведува и нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а ќе се постави и ново лед осветлување од двете страни.

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-02.jpg

Реконструкцијата на оваа улица се искористи за замена на дел од старата и поставување нова подземна инфраструктура онаму каде што е потребно од различни субјекти, за да се избегне прекопување на новиот асфалт по завршувањето на реконструкцијата.

Булеварот Никола Карев е исклучително фреквентна сообраќајница која најмногу ја користат жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и граѓаните кои патуваат кон излезот на градот.

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-03.jpg

За потсетување, минатата пролет Градот Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри.

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-04.jpg

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-005.jpg

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-06.jpg

se-asfaltira-bulevarot-nikola-karev-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава? Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната тре...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Никола Станишиќ, победникот на Гранд: „Девојката ми раскина на финалето - ме блокирала, на нејзините... „Раскинавме поради причини како коментарите на нејзините дека јас сум Ром, јас с...

Најчитани неделава