За една недела отстранети 165 непрописно паркирани возила од јавните површини

Скопје, 24.06.2021 година - Во текот на изминатата недела (17.06 - 23.06.2021 година) со специјалните возила пајак се подигнати 165 возила од јавните површини. 

za-edna-nedela-otstraneti-165-nepropisno-parkirani-vozila-od-javnite-povrshini-01.jpg

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 13 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 317 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 13 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Тијана Дапчевиќ во кул стајлинг во Скопје со специфични чорапи, по забавата со колегите од „Преспав“ Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил,...
Ико од Скопје ја запроси саканата Марија во Торино: Латици од рози, свеќи и солзи радосници „Не очекував да ме запроси на ова патување, па кога ми ја стегна раката и кога г...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg