Шилегов за „Слободен Печат“: Брзиот автобуски превоз е историски исчекор за почист воздух во Скопје

shilegov-za-sloboden-pechat-brziot-avtobuski-prevoz-e-istoriski-ischekor-za-pochist-vozduh-vo-skopje-01.jpg

Во својата најнова колумна за „Слободен Печат“ „Со брзиот автобуски превоз Скопје пишува нова историја“, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажува дека со БРТ системот се решава повеќедеценискиот проблем на Скопје – бавниот, некапацитетен, неатрактивен, неисплатлив и токсичен градски превоз:

„Како да се направи градскиот превоз побрз, поатрактивен, поефикасен, поисплатлив и притоа да се намали аерозагадувањето што го предизвикува? Тоа е главниот проблем кој го решаваме со поддршка на ЕБОР, со кои веќе соработувавме при набавката на еко-автобусите на гас, изработката на акцискиот план за зелен град, како и Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз.“

Градоначалникот Шилегов објаснува зошто Брзиот автобуски превоз (БРТ) е историски исчекор за почист воздух во Скопје:

„Годинава правиме историски исчекор во Скопје - воведуваме модерен градски транспортен систем - БРТ системот на брз автобуски превоз, кој неделава го презентиравме пред граѓаните со група на сообраќајни експерти. Исчекорот е историски не само затоа што Скопје прв во регионот воведува БРТ систем, туку и затоа што со овој зелен проект практично го спасуваме Скопје од најголемиот извор на сообраќајно аерозагадување.“

Шилегов се повикува на експертите кои укажуваат дека со БРТ системот следните неколку децении Скопје ќе го поштедиме од десетици илјади тони јаглерод диоксид и други токсични материи: „Како што укажа и помошник директорот на ЕБОР на презентацијата, се проценува дека со БРТ системот ќе се редуцираат емисиите на јаглерод диоксид за 34%, емисиите на азотни оксиди за 43% и емисиите на штетни честички за цели 92%!“

Извор: Слободен печат

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава