За една недела подигнати 183 непрописно паркирани возила од јавните површини

Скопје, 15.07.2021 година - Во текот на изминатата недела (8.07 – 14.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 183 возила од јавните површини.

za-edna-nedela-podignati-183-nepropisno-parkirani-vozila-od-javnite-povrshini-01.jpg

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 163 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 362 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава