Ја отпеа легендарната „Свирете ја зајди, зајди...“ - како изгледа денес Олгица Христовска?

По турнејата на Балканот, Калиопи конечно се врати дома во Македонија. Таа деновиве беше во посета на Битола, а таму се виде со нејзината долгогодишна пријателка Олгица Христовска и ни даде ретка можност да видиме како денес изгледа нашата позната пејачка и актерка.

Kaliopi-za-olgica-hristovska-Lugjeto-shto-se-iskreni-i-po-cena-da-me-zagubat-se-onie-shto-gi-vikam-prijateli-01.jpg

Таа на Инстаграм објави фотографија со Олгица Христовска до која напиша:

„Битола ноќе со мојата Олгица...
Луѓето секогаш доаѓаат во твојот живот со причина, но само оние што доаѓаат заради Вистинска Причина и кои ја изговараат и најсуровата искреност, поради која ризикуваат и да те загубат, остануваат во твојот живот засекогаш... Ги викам таквите луѓе пријатели... Извинете – Семејство“.

Ова е една од ретките можности да ја видиме нашата позната пејачка и актерка Олгица Христовска во последно време. Таа својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста. Нема профили на социјалните мрежи, ретко се појавува во медиумите, освен ако има да каже нешто навистина важно.

Од 2007-мата година кога во целост реши да се повлече и од театарот речиси и да немаме можност да ја видиме во медиумите.

Таа минатата година беше актуелна кога со група музичари направија онлајн изведба на песната „Свирете ја Зајди, зајди“ во чест на прерано починатиот композитор Драган Вучиќ, кој ја компонираше музиката за познатата песна што ѝ донесе победа на Христовска на „Макфест“ во далечната 1992 година.

Освен што се занимаваше со музика, таа исто така се занимаваше и со глума. Христовска се појави во една епизода на серијата за деца „Во светот на бајките“.

Таа ги испеа песните: „Само мој“, „Што ќе сум ти“ , „Една љубовна“, „Грев“ , „Ко два елена“... Сепак, песната што ја одбележа нејзината музичка кариера е „Свирете ја Зајди, зајди...“, да се потсетиме на неа:

https://www.youtube.com/watch?v=WVqIvwvbT0U

Инаку, Олгица Христовска во 2006-тата година стапи во брак со поранешниот заменик – министер за транспорт и врски Дејан Кошутиќ по 4-годишно заедничко живеење.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава