Градот Скопјe ја почна третата фаза од реконструкцијата на Индира Ганди во Шуто Оризари

Со завршување на третата фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари и поставувањето на атмосферската канализација ќе се овозможи жителите на оваа општина да ги почувствуваат бенефитите на урбаното живеење.

Gradot-Skopje-ja-pochna-tretata-faza-od-rekonstrukcijata-na-Indira-Gandi-vo-Shuto-Orizari-01.JPG

Градоначалникот Шилегов денеска одржа прес-конференција во општина Шуто Оризари каде што изврши увид во градежните работи од третата фаза од реконструкција на улицата Индира Ганди во должина од 811 метри.

Gradot-Skopje-ja-pochna-tretata-faza-od-rekonstrukcijata-na-Indira-Gandi-vo-Shuto-Orizari-03.JPG

„Денеска правиме увид во градежните работи каде што пред десетина дена почна третата и последна фаза од реконструкцијата на главната улица во Шуто Оризари, Индира Ганди. Всушност, ова е и најлошиот инфраструктурен дел во општината, така што очекувам дека кога ќе ја завршиме, од улица Гвадалахара до улица Нов живот, комплетно новата атмосферска канализација во општината, што досега ја немаше, и она што беше својствено за овој дел да тече вода по улиците и да се раскопани патиштата ќе стане минато. Мене ми е особено мило што ваквата реконструкција, овој тип на реконструкција токму во овој дел на Шуто Оризари наидува на сериозно позитивен одглас кај граѓаните со цел конечно и тие од овој дел на градот да ги уживаат бенефитите на урбаното живеење. Ова е, како што напоменав, последната фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во изминатите две години ги работевме претходните две фази, ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи работиме и квалитетно и темелно токму за доброто на граѓаните од овој дел на градот. Реконструкцијата  е во вредност од околу 18 милиони денари со  ДДВ“ - кажа Шилегов.  

Gradot-Skopje-ja-pochna-tretata-faza-od-rekonstrukcijata-na-Indira-Gandi-vo-Shuto-Orizari-04.JPG

Тој додаде дека за него е приоритет развојот на општината  Шуто Оризари да оди подеднакво со развојот на преостанатите скопски општини.

„Во рамки на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и Патишта со Меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари,  реконструирани се улиците: Рељо Шесто Крило, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Волт Дизни, Вашингтонска, Нов Живот, П. Лулумба, Карабуница, Злетовска, улица 3, крак 1 и 2“ – рече Шилегов.

Тој дополни и дека се извршени повеќе интервенции за да се подобри  водоводната и канализационата мрежа во општината, односно изградба на водоводна мрежа, нов резервоар, пумпна станица, нов потисен цевковод во Шуто-Оризари,  како и поголемите зафати на водоводната мрежа на улиците  Смилевска и Брсјачка буна (инвестиција од 13,5 милиони денари).

Градот Скопје соработува и ги поддржува и здруженијата на граѓани и институции кои дејствуваат на територија на општина Шуто Оризари, а едно од тие е и Здружението за заштита на правата на детето, чии фокус се реалзиција на активности и проекти за заштита на децата на улица. Активностите на ова здружение во континуитет се поддржуваат, а истите растат секоја година (во 2015 година биле дадени 100.000 денари, за во 2020 година да се доделени 450.000 денари).

Исто така, со инвестиција од 6,5 милиони денари направено е партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето  Шаип Јусуф и асфалтирање на спортското игралиште. 

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава