Град Скопје со парични награди за пожарникарите што учествуваат во гаснење на пожарите низ Македонија

Скопје, 05.08.2021 година - Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари  коишто се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија.

grad-skopje-so-parichni-nagradi-za-pozharnikarite-shto-uchestvuvaat-vo-gasnenje-na-pozharite-niz-makedonija-01.JPG

Паричните награди им се доделуваат заради нивниот  вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада.

Во изминатите 4 години Градот Скопје  ги зголеми платите на пожарникарите, а се  зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители.

Исто така, се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава