Драстична трансформација на Македонец – „Тогаш имав 100 kg и сега имам 100 kg“

„Слика лево 100 килограми, 2 кутии цигари на ден, по некое пиво преку недела, малку повеќе за викенд, јадење бургери секој ден, појадок бурек..“, искрено кажува Александар Манџуковски.

drastichna-transformacija-na-makedonec-togash-imav-100-kg-i-sega-imam-100-kg-01.jpg

Александар Манџуковски сега работи како персонален фитнес тренер и горд е на изгледот на своето тело, а само пред извесен период имал опуштен стомак и не се чувствувал добро во својата кожа.

Тој на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 5.700 следбеници покажа каква драстична трансформација направил со тренинзи, исхрана, истрајност и труд.

Александар открива дека на двете фотографии има исто килограми.

Неговата објава:

„Слика лево 100кг, 2 кутии цигари на ден, по некое пиво преку недела, малце повеќе за викенд, јадење бургери секој ден доручек бурек..

Проблеми со масно ткиво, кондиција, проблем со половината. 

Слика десно 100кг, цигари НЕ, алкохол само на битни настани, бурек не, бургер 1 неделно со јунешка плескавица. Редовен тренинг, правилна исхрана.

Проблеми нема, масните ткива од 3 станаа 1 и тоа се повлекува.

Вагата не е мерило и бројките на вагата не значат ништо. Со истата килажа различно тело. Сè е до начинот на исхрана, храната што ја внесуваме во одредено време на денот, физичката активност...

Сè можеш ако имаш желба и ако си одлучен, и не е лесно, бара жртвување, бара посветеност, бара труд. Не може за еден месец да поништиш тоа што си му го правел на телото со месеци или години.“

Тој објави уште една споредба и напиша за својата трансформација:

Нормално разлика небо и земја. Разликата не е само во физичкиот изглед. Огромна промена во умот. Огромна промена во начинот на размислување и во начинот на живот.

Првата слика лево, цигари и алкохол колку сакаш. 6 масни ткива. Легнување во 3-4 наутро и спиење до 11. Втората слика без алкохол (само во одредени прилики), цигари никако. Легнување во 12 и станување во 6. 

Во целиот процес и 11 книги прочитани. Океј е убаво да изгледаш физички, но најбитно е убаво да се чувствуваш.

Повеќе нови фотки од Александар на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...
Тања, сестрата на Игор Џамбазов, со искрена исповед: „Немаше шанси да замислам дека јас нема да имам... „Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе ... „Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не...

Најчитани неделава