7-те македонски чуда: Богатства кои се кријат во нашата земја - што знаеме за нив?

Иако сме мала земја, сепак нашата Македонија изобилува со природни богатства, но и споменици и градби со голема културна и историска вредност. Скопското Кале, Самуиловата тврдина, Марковите Кули, Милениумскиот Крст, Кокино, Могилата во Прилеп, Аквадуктот, стари цркви и живописни манастири, старата скопска чаршија, Чинарот… има многу мали и големи чуда во нашата чудесна Македонија!

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-01.jpg

Историјата, градбата, мистериите околу нивното постоење, нивната старост, начинот на изградба, но и убавината се причините зошто некои места се наречени Светски чуда кои секојдневно привлекуваат илјадници туристи, научници и авантуристи.

Кеопсовата пирамида, Висечките градини од Вавилон, храмот на Артемида во Ефес, статуата на Зевс во Олимпија, Мавзолејот од Халикарнас, Колосот од Родос и Светилникот од Александрија се седумте чуда од античкиот свет.

Бидејќи овие локалиети веќе не постојат, беа избрани новите Седум Светски чуда, во кои, од старите, како сè уште постоечка, остана Големата пирамида во Гиза.

Во новите светски чуда се вбројуваат и Кинескиот ѕид, Петра, Христос Спасителот, Мачу Пикчу, Чичен Ица, Колосеумот во Рим и Таџ Махал.

Но, дали сте се запрашале кои би биле Седумте Македонски чуда?

Официјално не постои таква листа, но јас би ги предложила следниве: 

Рудникот Алшар – единствено наоѓалиште на талиум во светот

Рудникот Алшар, сместен во селото Рожден на брегот на Мајденска река во близина на градот Кавадарци, е едно од многу ретките наоѓалишта на талиум во светот. Талиумот се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациска опрема.

Во рудникот во подножјето на планината Кожуф за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Се верува дека лорандитот има натприродни својства, а истиот бил истражуван и од научници од НАСА кои лично го посетиле рудникот.

Многумина научници велат дека со проучување на лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов.

Но, моќта на лорандитот пронајден во Алшар сè уште е мистерија.

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-02.jpgФото: Фејсбук

За моќта на рудата од Алшар се раскажува и стара легенда за фалангата на Александар Македонски. Имено, војската користела состојка од овој рудник за да ги премачкува своите штитови. На сонце тие давале силен блесок, со што ја заслепувале противничката војска, па затоа и биле непобедливи.

Покрај талиум, рудникот Алшар е богат и со десетици други руди како антимон и арсен. 

Кокино - мегалитска опсерваторија и светилиште

Мегалитската опсерваторија Кокино е сместена на врвот на Татиќев Камен, на неовулкански рид со надморска височина од 1.030 метри, околу 35 километри оддалечена од градот Куманово. Оваа опсерваторија се вбројува меѓу античките опсерватории во светот.

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-03.jpg

Опсерваторијата стара 3.800 години е откриена во 2001 година и според НАСА е рангирана во 15-те најстари опсерватории во светот, заедно со египетската опсерваторија Абу Симбел и британскиот Стоунхенџ.

Од Кокино можат да се одредат зимската краткодневица, летната долгоденица, како и пролетната и есенската рамноденица. 

Набљудувањето на движењето на небесните тела помагало да се прават календари кои служеле за организирање на земјоделските и сточарските активности - кога е време за сеење, а кога за жнеење.

Опсерваторијата преку карпите и светлината на Сонцето им помагала на нашите предци да ги одредат деновите за изведување на ритуалните племенски обреди врзани со култот на плодноста, на светиот брак, меѓу Мајката Земја и Сонцето.

На локалитетот се забележуваат и своевидни тронови во карпите, па затоа се верува дека покрај опсерваторија, Кокино служело и како светилиште, место за ритуали. Но, служело и за племенски собири, а старешините седеле во троновите издлабени во карпите.

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-04.jpg

Куклица – уметничко дело на природата со тажна легенда

Познато меѓу народот како Куклица, Камени Кукли или Скаменетите свадбари, ова место во близина на Кратово е вистинска природна реткост.

Ова необично уметничко дело на природата е старо неколку илјади години, а се состои од 120 помали и 15 поголеми камени столбови.

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-06.jpg

Научното објаснување е дека овие камени столбови настанале со долготрајната ерозија на вулканските карпи со различна отпорност.

Феноменот земјени пирамиди или камени кукли, во светски рамки претставува ретка појава и за нивно создавање требаат посебни геолошки, геоморфолошки, климатски и вегетациски услови.

Тоа особено се однесува за добро изразените, типични појави како во Куклица. Затоа ова наоѓалиште е заштитено како природна реткост.

За легендата која се раскажува за Куклица, прочитајте повеќе ТУКА

7-te-makedonski-chuda-bogatstva-koi-se-krijat-vo-nashata-zemja-shto-znaeme-za-niv-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg