Браво! Срцето на хумана Македонка продолжи да чука во градите на човек кој доби втора шанса за живот

Во Македонија изведена е уште една трансплантација на срце. Горди сме, среќни и благодарни што во Македонија постојат хумани луѓе, но и врвни професионалци.

bravo-srceto-na-humana-makedonka-prodolzhi-da-chuka-vo-gradite-na-chovek-koj-dobi-vtora-shansa-za-zhivot-01.jpg

Изведена е уште една трансплантација на срце во Македонија.

„Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Пред тоа министерот објави:

Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба - нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа.

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа. Сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса и Мачка елегантни на свадба, Ѓоко Танески со ретка фотка од ќерката - Што прават познатит... Пејачот Ѓоко Танески објави фотографии со ќерката за да ѝ го честита 18-тиот род...
Македонка има сопруг од Нигерија и живеат во Скопје: Снимаат забавни видеа, растат билингвално дете Од љубов на прв поглед во Дубаи до брак во Скопје... Лаурел Ебходагхе ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Катарина на катамаран со партнерот, Мартин од „Некст тајм“ ја крштеваше ќерката - Што прават нашите ... Катарина Ивановска ужива со партнерот Стефан додека пловат на катамаран, Антониа...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава