Хит вирален статус на Македонец: Прваче некогаш, прваче пред некоја година vs. прваче во корона

Прваче на времето: Те капат, а не е недела. Прваче од пред некоја година: Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери.

hit-viralen-status-na-makedonec-prvache-nekogash-prvache-pred-nekoja-godina-vs-prvache-vo-korona-01.jpg

На социјалните мрежи на првиот школски ден вирално се споделува шеговитиот статус на Божидар Божиновски на тема првачињата некогаш и сега.

Виралниот статус:

Прваче на времето:

- Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот...
- Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал
- Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си
- Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е
- Толку!

Прваче не толку порано:

- Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час
- Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери
- Албум на Фејсбук „ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо
- Нема само туркање вода... Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон

Корона прваче:

- Цел ден гледа „Пепа пиг” и „Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција. Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше “Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”.
- Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот
- Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Македонец со емотивна исповед: „Имав 126kg и пиев за да заборавам кој сум... сега сум татко и трчам ... „Таско раскажуваше како престанал да пие. Ерко за неговата ќерка со леукемија. М...
Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала... „Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му ...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Македонец уникатно ја запроси саканата во Лајпциг – таа вози трамвај, тој ја пречека на станица со б... „Верувајте дека многу е покомплицирано од што изгледа. Колегите дури мораа и ком...

Најчитани неделава