Зоки Бејбе со емотивна честитка за 60 години брак на родителите: „Се сеќавам кога се возевме во Дијаната и ја пеевте 'Не кажувај либе добра ноќ'“

zoki-bejbe-so-emotivna-chestitka-za-60-godini-brak-na-negovite-roditeli-se-sekjavam-koga-se-vozevme-vo-dijanata-i-ja-peevte-ne-kazhuvaj-libe-dobra-nokj-01.jpg

Диџејот Зоки Бејбе на својот Фејсбук профил сподели прекрасна честитка по повод 60-годишнината од бракот на неговите родители.

Ја пренесуваме во целост:

Денес моите родители Тања и Стево слават редок јубилеј, 60 години брак. Пресреќен сум што ве имам здрави живи весели. 

Уште долги години да бидете вака млади со духот и начинот на размислување и да сте со добро здравје. 60 години брак значи и семејство во кое јас сум постојано сакан и привилегиран ваш син, за што сум Ви благодарен.

60 години значи и ваш специфичен кроток однос кон сè, па и во негувањето на вашите пријателства со што ми дадовте убав пример за тоа како се живее животот со сè околу себе.

Има една случка од детството кога прв пат сакав вие двајца да сте секогаш заедно бидејќи многу се сакате и сега ќе ја раскажам. Патувавме со Дијаната ноќе низ длабоките шуми на Босна. Јас имав можеби 6 години не повеќе и на задните седишта направени во кревет мислевте дека спијам.

Во еден момент мама ја запеа “Не кажувај либе добра ноќ” тивко за да не ме разбуди, а татко ми продолжи да ја прати. Бидејќи бев „стар маал“ текстот на песната ми беше многу мноу љубовен и цел тој момент беше магичен. Тогаш на таа возраст посакав цел живот да сте заедно во љубов во сите форми кои истата ги има и расте со годините!

Среќна годишнина мама и тато, за многу години здравје среќа и љубов!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава