Се реконструира булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ

Скопје, 04.09.2021 година - Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар.

se-rekonstruira-bulevarot-krste-misirkov-kaj-manu-01.jpg

Булеварот се реконструира на потегот на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри.

- Пред две години завршивме со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, го реконструиравме и бул. Кочо Рацин на потегот од бул. К.Ј.Питу до бул. Св. Кирил и Методиј. Ако на тоа ја додадеме и изградбата на бул. Х.Т. Карпош, како и реконструкцијата на улицата Бихачка кои ги завршивме изминативе 2 години, можеме да кажеме дека главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница е во одлична состојба.

Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзвиа ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж. Новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои ги завршуваме реконструкциите се нешто што граѓаните го препознаваат и поздравуваат секојдневно – рече Шилегов.

se-rekonstruira-bulevarot-krste-misirkov-kaj-manu-02.jpg

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје ќе бидат потрошени околу 32 милиони денари, а реконструкцијата се предвидува да заврши во рок од 45 дена.

se-rekonstruira-bulevarot-krste-misirkov-kaj-manu-03.jpg

se-rekonstruira-bulevarot-krste-misirkov-kaj-manu-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава