Во наредните два дена затворен за сообраќај дел од булеварот Крсте Мисирков

Скопје, 17.09.2021 година - Градот Скопје известува дека поради асфалтирање со завршен слој на булеварот Крсте Мисирков, утре (18.09.2021 година, сабота) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 19.09.2021 година, потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“ ќе биде комплетно затворен за сообраќај.

vo-narednite-dva-dena-zatvoren-za-soobrakjaj-del-od-bulevarot-krste-misirkov-01.JPG

Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).

Во недела (19.09.2021 година) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 20.09.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“). Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“.

vo-narednite-dva-dena-zatvoren-za-soobrakjaj-del-od-bulevarot-krste-misirkov-02.JPG

Градот Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава