Мајката на Миа Костова, некогашна балерина со страст за мотори: „На 59 години имам иста килажа како на 18“


Мајката на Миа Костова, некогашна балерина со страст за мотори: „На 59 години имам иста килажа како на 18“

„За мојот изглед е заслужна мајка природа, јас сум против естетски корекции, но вежбам во фитнес центар 6 пати во неделата по 2 ипол часа“, раскажува Оливера Костова, која во октомври ќе наполни 60 години, а на телото има повеќе од 20 тетоважи.

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-01.jpg

Оливера Костова (59) е инспиративна жена со младешки дух. Мајката на водителката и инфлуенсерка Миа Костова е некогашна балерина, која сега е во пензија, но сè уште држи часови на дечиња во приватно балетско училиште.

Таа отсекогаш имала страст за мотоцикли, веќе 10 години активно вози, а од неодамна се поднови и со мотоцикл од 600 кубика.

За CRNOBELO.com открива која е тајната на нејзиниот младешки изглед:

„Јас сум скромна и ќе кажам дека немам тајна. Не јадам многу и ја имам истата килажа што ја имав на 18 години. Не се негувам ништо посебно, односно не одам ниту на козметичар, ниту на фризер, а за лицето сè уште користам обична бебешка крема. Мојот изглед е дело на мајката природа, но и на тоа што вежбам многу.

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-02.jpg

Шест пати во неделата одам во фитнес центар и вежбам по 2 ипол часа. Исто така, во текот на летото пливам многу, по 2,3 километри на ден.

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-03.jpg

Имам младешки дух и секогаш сум полна со енергија, никогаш не ме мрзи ништо, не се трошам, тоа мислам дека ми е генетски, активна сум постојано.

Инаку на телото имам повеќе од 20 тетоважи, а омилена ми е онаа со скорпија на раката.“

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-07.jpg

На тема хоби, Оливера за CRNOBELO.com вели:

„Зависничка сум од адреналин, обожавам мотоцикли и брзо возење. Исто така, години наназад свирам клавир. Тоа ме опушта и уживам во тоа.“

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-05.jpg

majkata-na-mia-kostova-nekogashna-balerina-so-strast-za-motori-na-59-godini-imam-ista-kilazha-kako-na-18-04.jpg

Оливера е мајка на две ќерки и тоа Миа, родена 1984 година, и помалата Ена, родена 1997 година.

За тоа кој е советот кој најчесто им го дава на ќерките, Оливера вели:

„Не примаат совети, едноставно живеат онака како што сакаат и се во свој филм. Но, мене ми е мило поради тоа, јас навистина не чувствувам потреба да давам совети - сакам да изберат и да растат во животот онака како што тие сакаат.“

Повеќе фотки од Оливера Костова на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Андреа од Далма Кетеринг: „Готвиме со мерак и веќе 15 години сме дел од најзначајните мигови на наши... Таму нема „јас“, туку само „ние“, тие се тим кој веќе 15 години функционира како...
Мјузикл во студиото на Еден на Еден: Погледнете ги актерите од „Мама Миа“ Насмеани, расположени и распеани – актерите од хит-мјузикот „Мама миа“ не се так...
Миа Костова минува совршено лето во Дерми, Албанија, со нејзината пријателка Тијана (фото) Миа Костова летото го минува во Дерми, Албанија. Станува збор за најлуксузното л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg