Новиот мост на булервар АСНОМ се отвора за еден месец

Скопје, 30.09.2021 година - Привршуваат градежните работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според планот се отвора за употреба во текот на наредниот месец. Мостот е веќе споен по интензивните градежни работи од двете страни на реката Вардар.

noviot-most-na-bulervar-asnom-se-otvora-za-eden-mesec-01.JPG

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини.

noviot-most-na-bulervar-asnom-se-otvora-za-eden-mesec-02.JPG

Мостот на булевар АСНОМ се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали.

„Кога зборуваме за функционален и поврзан град, зборуваме за нови мостови. Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот го завршуваме есенва, а другиот штотуку го започнавме. Вардар нема да го дели Скопје, туку ќе го спојува“, вели градоначалникот Шилегов.

noviot-most-na-bulervar-asnom-se-otvora-za-eden-mesec-03.JPG

Новиот мост има 6 коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На новопробиениот булевар и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот ќе го краси и дрворед, кој ќе биде засаден од двете страни.

noviot-most-na-bulervar-asnom-se-otvora-za-eden-mesec-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...

Најчитани неделава