Драстична трансформација на Македонка: „Ако не се осмелев да направам промена тогаш, немаше денес да сум тука“

Младата Кике Цветче е инспиративна девојка која шири позитивност на социјалните мрежи и со своите следбеници го споделува макотрпниот пат на слабеење со режим на исхрана и редовно вежбање.

drastichna-transformacija-na-makedonka-ako-ne-se-osmelev-da-napravam-promena-togash-nemashe-denes-da-sum-tuka-01.jpg

Христина Цветкоска (26) е македонска јутуберка позната како Кике Цветче која со упорност и труд направи драстична трансформација на својот изглед.

Периодов таа со своите 25.000 следбеници на Инстаграм постојано споделува детали од процесот на слабеење.

Процесот е долг и макотрпен, но со помош на истрајност, здрава исхрана и вежбање, таа видливо ослабе, а сега прикачи фотографии кои се доказ за тоа како изгледа сега.

Кике не само што го трансформираше својот изглед, туку продолжува со тоа темпо и понатаму да работи на себе, а преку социјалните мрежи шири позитивност и ги инспирира и другите девојки да го сторат тоа.

drastichna-transformacija-na-makedonka-ako-ne-se-osmelev-da-napravam-promena-togash-nemashe-denes-da-sum-tuka-05.jpg

На новите фотки Кике во описот напиша:

„Колку работи може да се сменат во една година? Уште не го знам точниот одговор затоа што и јас сѐ уште се изненадувам. Ама знам дека ако не се осмелев да направам промена тогаш, немаше денес да сум тука!“

Како изгледа Кике сега:

drastichna-transformacija-na-makedonka-ako-ne-se-osmelev-da-napravam-promena-togash-nemashe-denes-da-sum-tuka-04.jpg

drastichna-transformacija-na-makedonka-ako-ne-se-osmelev-da-napravam-promena-togash-nemashe-denes-da-sum-tuka-03.jpg

Неколку постари фотки од Кике:

На следната страна фотки од Кике и нејзиното момче јутуберот Иван Ајнштајн од одморот на Занзибар...



Би можело да ве интересира:

Македонка ослабе 38kg: „Никако не собирав сила да излезам од комфор зоната“ „Ми беше удобно, вкусно и топличко, без разлика што после секое прејадување до с...
Македонка е уникатна и кул невеста со кратка венчаница и специфична фризура „Уште во првиот фустан што го пробав, се чувствував своја и веднаш донесов одлук...
Македонска инфлуенсерка запросена на спектакуларна локација во Дубаи, со поглед на Бурџ Халифа (виде... Стефанија е по вторпат во Дубаи, но оваа посета ќе ја памети до крајот на живото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg