Скопје ја добива најголемата пешачка зона во Европа

Скопје, 06.10.2021 година - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа.

skopje-ja-dobiva-najgolemata-peshachka-zona-vo-evropa-01.JPG

Со затворање на улицата 11 Октомври, односно Димитрија Чуповски (од Собрание до Палома Бјанка) се добиваат 71 хектар, или 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни.

- На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот. Со тоа се овозможува непречено движење на пешаците од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај Палома Бјанка, изјави Шилегов.

Најголемите пешачки зони во Европа до сега се во Гент (Белгија) и Портеведра (Шпанија) и зафаќаат површина од околу 50 хектари. И Барселона во Шпанија неодамна ја презентираше својата намера да затвори дел од центарот на градот со цел да направи пешачка зона од речиси 33.5 хектари.

Град Скопје го ослободува овој простор од автомобили по примерот на европските метрополи. Со воведување на ефикасен јавен транспорт каков што е БРТ системот граѓаните добиваат алтернатива за транспорт на граѓаните, а особено оние кои сакаат да стигнат до овој дел од градот. Двете линии на БРТ се преклопуваат непосредно пред пешачката зона.

Дополнително олеснување на движењето се добива и со кружните текови кои се предвидува да се изградат во непосредна близина на зоната, со цел движењето на автомобилите полесно се дисперзира од центарот на градот. Два кружни тека се планирани пред и по надвозникот кај Црниче и Кисела Вода и третиот кај зградата на поранешна Нова Македонија.

Целта е да се дисперзира фокусот на Градот Скопје во неговиот центар, да се остави простор градот целосно да се развива, во сите негови делови. Истовремено, оставајќи простор за посетители, пешаци, велосипедисти, токму во центарот на градот, а истиот да се сочува.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Актерот Висар Вишка се венча со саканата, 3 години откако го добија првото дете - невестата со косту... Актерот Висар Вишка стапи во втор брак, а со саканата Мерима се венчаа во Скопје...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава