Стража прекриена со снежна прекривка - Славица од Гостивар ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото)


Стража прекриена со снежна прекривка - Славица од Гостивар ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото)

„Работам на стража веќе 5 години и утрово нè пречека вистинска снежна идила… Tопол чај и снегче, зарем има нешто поубаво?“, вели 32-годишната Славица Момировска од Гостивар за CRNOBELO.com.

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-01.jpg

Славица Момировска (32) од Гостивар веќе 5 години работи на бензинска пумпа на Стража, планински превој во западна Македонија кој ги спојува Полошката и Кичевската Котлина на надморска височина од 1.212 метри.

Утрово (14.10) на работното место за првпат оваа сезона ја дочека снег.

Стража е под тенка снежна прекривка, уште вее снег и изгледа бајковито.

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-05.jpg

„Ние ‘стражарите’ сме навикнати на ваква идила, но оваа година нè изненади малку порано. Доаѓајќи на работа во Лукоил ова утро нè пречека оваа зимска слика. Повелете на топол чај и ваква идила, секако обезбедете се со зимска опрема и внимателно возете“, вели Славица.

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-06.jpg

Фотографии од Стража од Славица Момировска за CRNOBELO.com:

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-02.jpg

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-04.jpg

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-09.jpg

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-08.jpg

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-07.jpg

ekskluzivni-fotki-za-crnobelo-com-strazha-prekriena-so-snezhna-prekrivka-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пере од Нокаут по третпат доби ќерка - први фотки од малата Софиа Пере од Нокаут има две ќерки од првиот брак, а сега ја доби ќеркичката Софиа од ...
1 месец по породувањето, Туна Сејдиу во топ форма - ги прошета синовите во Дино Парк Скопје (фото) Само 1 месец откако го роди второто синче Зен, Туна во топ форма со смел аутфит ...
Средниот син на Перо Антиќ го слави 8-иот роденден – како му честитаа родителите? (фото) Трите синови му се најголемо богатство на Перо Антиќ, а неговиот среден син Паве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg