Македонка (28) мажена во Сан Франциско: „Од 4-то одделение сонував за куќа, сопруг, деца и сега го живеам мојот сон“

Обично се вели дека мајките на мали деца немаат доволно време за себеси и дека е невозможно со мало дете да вежбате и да си посветите внимание. Ребека Ле Мон на Инстаграм објави видеа со кои докажува дека и мајките на мали деца можат да си посветат време себеси.

makedonka-28-mazhena-vo-san-francisko-od-4-to-oddelenie-sonuvav-za-kukja-soprug-deca-i-sega-go-zhiveam-mojot-son-01.jpg

Ребека Ле Мон е 28-годишна Македонка која живее во Сан Франциско, заедно со нејзиниот сопруг Марк (52) и едногодишниот син Макси.

На Инстаграм таа секојдневно објавува детали од нејзиното секојдневие, посветено на домот и нејзиниот син. Таа вели дека со сопругот им се поделени обврските, тој е одговорен за финансии, а таа за одржување на куќата и за чување на синчето, во што ужива. 

„Навистина не ми недостига животот како сингл девојка. Ова не значи дека не ги почитувам и сакам девојките што се сингл, со/без партнер/ка, и што се или не се фокусирани на својата кариера. Сите луѓе сме си различни и секој си има право да си го одбере својот пат.

Јас навистина сум старомодна и секогаш, уште од 4-то одделение сонував за куќа, сопруг, деца и еден златен ретривер. Така што тоа сакав да ви кажам дека среќна сум со тоа што го имам и што ми го дал Господ до моите 28 години.“ - стои во една нејзина објава.

Нејзиниот ден започнува рано наутро, најчесто во 5 наутро, а првите обврски ѝ се перење, чистење, диплење и бањање.

Откако ќе се разбуди нејзиниот син во 7.30 наутро, таа за својот ден вели: „Се буди, му давам појадок, чистам после појадокот пак, го бањам, го средувам, масирам, па се шетаме, па си играме, па спие, па руча, па слушаме музика, повторно се шетаме, вечера, си игра, го бањам и го заспивам.“

Ребека е уште еден доказ дека да се биде домаќинка и мајка со „полно работно време“ не е воопшто лесно и нејзиниот ден е исполнет со многу обврски, но сепак успева да најде време и за себе.

Таа честопати зборува за својата витка фигура, за начинот на исхрана, а последно сподели и како успева да најде време за вежбање.

„Додека спие Макси, решив да почнам со вежби што ќе ме релаксираат. Исто така се решив на ова за да си покажам на себе дека има време за сè, само ако добро се организираш.“ – напиша таа во краткиот опис до видеото.

https://www.instagram.com/tv/CVgSOBZBMPO/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа објави уште едно видео на кое се гледа дека додека таа вежба додека нејзиниот 1-годишен син безгрижно лази околу неа и си игра.

„Многу сакам кога ќе спојам две работи. Ем да му е забавно на Макси, ем да правам јас нешто што ме релаксира. Денес телото го чувствувам многу убаво, полесно… Макси е среќен и моето срце и душа се на место што имавме убав и организиран ден.“ – напиша таа.

https://www.instagram.com/tv/CVhCDhZJ4zy/?utm_source=ig_web_copy_link

Уште неколку видеа од нејзините вежби:

Инаку, 28-годишната Ребека студирала и магистрирала во Германија, а сега живее во Сан Франциско, Калифорнија.

Прочитајте го интервјуто со Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“

На Инстаграм има 13.700 следбеници и редовно споделува фотографии, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава