Несовесен потег: Девојка во Скопје ЗОО се прекачува преку ограда кај мечките (видео)

„За жал, оваа девојка дошла во Скопје ЗОО да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите...“, велат одговорните од Скопје ЗОО за девојка која на ризичен и несовесен начин си снимала видео за ТикТок.

poteg-za-osuda-devojka-vo-skopje-zoo-se-prekachuva-preku-ograda-kaj-mechkite-01.jpg

Одговорните од Зоолошката градина во Скопје на Фејсбук профилот на Скопје ЗОО споделија видео на кое девојка ги прекршува правилата за однесување и воедно си го става животот во опасност.

Таа се прекачува преку ограда во живеалиштето на мечките, а само мало невнимание може да предизвика несакани ситуации, опасни по нејзиниот живот. 

poteg-za-osuda-devojka-vo-skopje-zoo-se-prekachuva-preku-ograda-kaj-mechkite-09.jpg

Видеото од потегот е споделен на нејзиниот ТикТок профил.

poteg-za-osuda-devojka-vo-skopje-zoo-se-prekachuva-preku-ograda-kaj-mechkite-04.jpg

Објавата на одговорните во Скопје ЗОО:

„За жал оваа девојка дошла во Скопје ЗОО да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите.

Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено.

poteg-za-osuda-devojka-vo-skopje-zoo-se-prekachuva-preku-ograda-kaj-mechkite-05.jpg

Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент.

Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна!“

Потегот освен што е несоодветен според правилата на зоолошката, е и исклучително опасен, па токму затоа е потребно посетителите да бидат исклучително внимателни и да не се ставаат себеси и животните во опасност „од забава“.

Објавата е со цел да поттикне поголема внимателност и одговорност кај младите за да се избегнат несакани и опасни ситуации.

Видео од настанот:

Кратко по настанот, девојката од видеото сними извинување за однесувањето и порача другите да не ја повторуваат нејзината постапка.

Видео од извинувањето:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...

Најчитани неделава