9 работи кои мора да ги направите во Македонија, советува британски туристички сајт


9 работи кои мора да ги направите во Македонија, советува британски туристички сајт

Недопрените пејзажи на Љуботен, уникатната шарена џамија во Тетово, начинот на кој Македонците уживаат во кафето и уште 6 причини за посета на Македонија, пишува британски сајт.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt001.jpg

На британскиот сајт за патувања Wanderlust авторот Питер Мур набројува 9 причини зошто Македонија е земја која треба да се посети некогаш во животот.

Вели дека тука има малку Балкан, малку Медитеран, дека е земја обликувана од империите што ја освојувале и земја преполна со природна убавина, фасцинантни руини од минатото и љубезни локалци.

Зошто да ја посетите Македонија:

Прошетка низ Скопје и неговиот уникатен микс на старото и новото

Посета на тврдината Кале, статуата на Александар Македонски на плоштадот од 2011 година, Старата скопска чаршија со уличките од калдрма, Милениумскиот крст на планината Водно со жичница и спектакуларен поглед.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt003.jpg

Искачување на врвот Љуботен на Шар Планина

Недопрени пејзажи, див свет и некои од најдобрите планинарски патеки во Европа, врвот е во облик на пирамида и ќе ви требаат 5 часа искачување.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt004.jpg

Шарената џамија во Тетово

Се наоѓа на 43 километри од Скопје и е една од највпечатливите градби изградена во 15-тиот век и не постои боја од палетата на уметникот што ја нема таму, соблечете ги чевлите, влезете и подгответе се за спектакуларната глетка.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt006.jpg

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt009.jpg

Кајакарење во неверојатниот кањон Матка

Ова е едно од најдобрите искуства во Македонија, среде стрмните карпи, каде сенките танцуваат во текот на денот, а посетете ја и пештерата Врело која води до серија подземни езера.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt008.jpg

Јадење, пиење и уживање

Македонците ја обожаваат својата кујна, а од бурек до ајвар и шопска салата, како и тавче гравче, сарма и скара, сè ќе ве воодушеви, плус мора да посетите некоја од многуте винарии во Македонија.

9-raboti-koi-mora-da-gi-napravite-vo-makedonija-sovetuva-britanski-turistichki-sajt010.jpg

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

За жал Македонија не се пласираше во финалето на Евровизија 2021 Моќниот глас на Васил Гарванлиев и ефектниот настап очигледно не беа доволни за ...
Додека некои во Македонија бесат верверички, други им даваат млеко (фото) Емотивна фотографија направена во Скопје со верверчика што пие млеко од шприц ни...
Леброн Џејмс секој ден вози низ Македонија? Ѕвездата на НБА Леброн Џејмс постојано вози низ Македонија, но низ градот Македо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg