Сузана Турунџиева се огласи од Истанбул: „Добри сме со Атиџе, сочувствуваме со семејствата на настраданите во трагедијата во Бугарија“


Сузана Турунџиева се огласи од Истанбул: „Добри сме со Атиџе, сочувствуваме со семејствата на настраданите во трагедијата во Бугарија“

Македонија денес е обвиена во црно... „Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш досега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди...“, напиша Сузана Турунџиева на својот Фејсбук профил.

suzana-turundjieva-se-oglasi-od-istanbul-dobri-sme-so-atidje-sochuvstvuvame-so-semejstvata-na-nastradanite-01.jpg

Сузана Турунџиева деновиве беше со својата пријателка Атиџе Муратова на патување во Истанбул.

suzana-turundjieva-se-oglasi-od-istanbul-dobri-sme-so-atidje-sochuvstvuvame-so-semejstvata-na-nastradanite-03.jpg

Од добар муабет со чај и локум, преку истражување на локалните пазари до заслепеност од убавина од најновата, највисока и најголема џамија која се гледа од сите страни на Истанбул, двете пријателки уживаа во убавините на овој прекрасен град во Турција.

suzana-turundjieva-se-oglasi-od-istanbul-dobri-sme-so-atidje-sochuvstvuvame-so-semejstvata-na-nastradanite-04.jpg

Но, по трагичната несреќа која се случи во Бугарија утрово (23-ти ноември) во која загинаа 46 патници кои се возеле во македонски автобус, враќајќи се од Истанбул, Сузана се огласи на својот Фејсбук профил.

suzana-turundjieva-se-oglasi-od-istanbul-dobri-sme-so-atidje-sochuvstvuvame-so-semejstvata-na-nastradanite-02.jpg

Објавата на Сузана Турунџиева на Фејсбук:

„Тажно, многу тажно утро!

Утрово како никогаш досега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2, 3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ВИ БЛАГОДАРИМЕ за грижата.

Многу нè потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите.“

Тажно, многу тажно утро😫😥 Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе...

Posted by Suzana Turundzieva on Monday, November 22, 2021

Ова е огромна загуба за Македонија од која тешко ќе закрепнеме. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите. Не постојат зборови за утеха.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сузана Турунџиева ѝ го прослави 80-иот роденден на мајка си во друштво на Атиџе „Мојата мајка е таква мајка, да кога зборувам за неа треба да стојам простум... ...
Браво! Сузана Турунџиева откри дека реновирањето на куќата на Атиџе во Дорфулија дојде во финална фа... Сузана Турунџиева во последно време минува многу време со Атиџе Муратова и стана...
Атиџе со нов стајлинг – во фустан и штикли на промоцијата на спотот за новата песна со Сузана Турунџ... За промоцијата на заедничката песна со Сузана, „Од Бекирлија до Битола“, Атиџе ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg