Жална вест од МНТ: „Нашиот актер Славиша Кајевски (39) трагично го загуби својот живот“

„Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага!“, пишуваат од Македонскиот народен театар.

zhalna-vest-od-mnt-nashiot-akter-slavisha-kajevski-39-tragichno-go-zagubi-svojot-zhivot-01.jpg

На официјалниот профил на Македонскиот народен театар споделија жална вест. Почина нашиот актер Славиша Кајевски на 39-годишна возраст.

„Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите!“, пишуваат тие за талентираниот актер

Македонија навистина загуби многу. Сочувство до семејството.

Објавата на МНТ:

ЖАЛНА ВЕСТ

СЛАВИША КАЈЕВСКИ (1982 – 2021)

Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.

Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.

Ти на оваа сцена беше Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, Таткото Тил во „Сината птица“, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор“, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа“, Грен во „Подемот и падот на кабарето“, „Декамерон“, „Животот е сон“, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка“, Корубин во „Свадбата на Фигаро“, Тибалт во „Ромео и Џулиета“, „Бесови“, „Немој ти мене Фауст“, „Троил и Кресида“, „Суд“, „Лет во три глави“, Рака во „Госпоѓа Министерка“, Џими во „Вејка на ветрот“, Гласникот во „Мара/САД“, Маро Мароев во „Дундо Марое“, Морис во „Дракула“...

Остана да те гледаме како Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Baaghi“, Сурла во филмот „Еј“, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ и друго.

Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.

РСМ НУ Македонски народен театар

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...

Најчитани неделава