Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Доктор Горан, искрено за борбата со депресијата: „Се борам посилно за среќа од обичниот човек“

„Како човек што се бори со депресија знам колку таа може да е тешка. Плус, табу тема е, никој не зборува ниту за самоубиство. Никој не сака да се покаже ранлив. Што ќе каже „комшијата“. Ако игнорираме, можеби ќе го снема...“, раскажува доктор Горан.

doktor-goran-iskreno-za-borbata-so-depresijata-se-boram-posilno-za-srekja-od-obichniot-chovek-01.jpg

Забавен, непосреден, хумористичен и свој... Доктор Горан Трајковски, кој живее и работи во Германија, е вистинско освежување на социјалните мрежи.

На својот Инстаграм профил тој има повеќе од 44.000 следбеници со кои секојдневно споделува здравствени совети, но и ставови и искуства од своето секојдневие.

Поттикнат од самоубиството на српската јутјуберка Кика Гуќиќ (21), тој отворено проговори за борбата со депресијата.

На прашања од следбеници, доктор Горан искрено одговараше и за актуелната ситуација, но и за неговата состојба:

„Искрено не го знаев девојчето, многу ми е жал за една ваква залудна смрт, голема штета е.

За жал, депресијата ја гледаме сè почесто кај младите, има огромен пораст во последниве неколку децении. Покрај широката употреба на антидепресиви повторно нешто ни недостига. Општеството, околината е болна...

Како човек што се бори со депресија, знам колку таа може да е тешка. За жал, младово девојче ја искуси тежината на депресијата и никој не успеа да ѝ помогне, сите ние како членови на општеството потфрламе во тоа повторно и повторно.

А табу тема е, никој не зборува за самоубиство. Никој не сака да се покаже ранлив. Што ќе каже „комшијата“. Ако игнорираме, можеби ќе го снема...“

Потоа, на прашање од еден од следбениците „Дали вие докторе се борите со депресија?“, доктор Горан одговара:

„Да, тоа е нешто што ме најде во раните 20-ти години заедно со Хашимотото. Депресијата е болест како сите други и се лекува, тоа не е само болест на психата, туку и на телото, на целиот систем.

Игра од многу фактори, хронично воспаление, акутен или хроничен стрес (мозокот е полн со рецептори за цитокини), стил на живот, стил на исхрана, генетика, хормони, невротрансмитери итн.

Секако во акутни случаи е потребна итна психијатриска помош и можеби медикаментозна терапија.

Ама тоа не е трајното решение. Третманот на депресијата е прво човекот да се извади од дупката и да му се покаже патот како до посветла иднина. Работата мора да ја прави тој самиот. Некои од нас треба да работат многу повеќе за да ја заработат својата среќа. Јас така ја сфаќам депресијата.

Еве да преформулурам не се борам со депресија, се борам посилно за среќа од обичниот човек.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg