Дечко од Струмица ја запроси саканата пред Ајфеловата кула со натпис од рози „Marry me“ (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Дечко од Струмица ја запроси саканата пред Ајфеловата кула со натпис од рози „Marry me“ (фото)

По 6 години врска, фудбалерот од Струмица, Бојан, кој поради професијата постојано е на различни краеви од светот, одлучил да ја запроси својата сакана Тамара во Париз на спектакуларен начин. „Запросувањето во Париз не го насетив ни најмалку, бидејќи тоа патување ни беше планирано 2-3 месеци однапред...“, споделува Тамара за CRNOBELO.com.

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-01.jpg

Тамара Георгиева (24) од Струмица, по професија дипломиран дефектолог, имаше совршено запросување во Париз од страна на својот сакан, фудбалерот Бојан Најденов (30) од Струмица.

Тие биле во врска 6 години, но на различни страни низ светот поради професијата на Бојан. Тамара вели дека животот со спортисте доста динамичен и непредвидлив.

Фотографиите од запросување изгледаат навистина романтично, па не можевме, а да не ја исконтактираме.

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-06.jpg

За CRNOBELO.com Тамара открива детали од запросувањето:

„Запросувањето во Париз не го насетив ни најмалку, бидејќи тоа патување ни беше планирано 2-3 месеци однапред и знаев дека секако ќе се случи, но дека баш таму ќе ме запросат не ми падна ниту на крај на ум.

Сè било буквално плански од страна на Бојан, и тоа да ме однесе на тоа место беше сосема спонтано, шетајќи покрај кејот сè додека не се доближивме до изненадувањето јас немав идеја што ме чека.

За цело изненадување е заслужна сестра му на Бојан, која организирала екипа од Париз да ја среди декорацијата и да изнајми фотограф.“

Фотографии од запросувањето:

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-05.jpg

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-04.jpg

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-02.jpg

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-03.jpg

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-07.jpg

dechko-od-strumica-ja-zaprosi-sakanata-pred-ajfelovata-kula-so-natpis-od-rozi-marry-me-foto-08.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко влезе до колена во ледена вода во Градскиот парк во Скопје за да спаси две кучиња (видео) „Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик ск...
Планината Китка е како сцена од зимска бајка (фото) Дрвени куќички прекриени со снег на покривите, гранки од дрвја натежнати од снег...
Зимска бајка: Падна првиот снег на Попова Шапка (фото) Падна првиот снег и на Попова Шапка... Утро обоено во бело и сцена како од зимск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg