Александар Белов стана татко: „Ти благодарам Боже што станавме родители - Јелена ја донесе на свет нашата нова љубов“

„Ти благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители“ – со овие зборови Александар Белов ја започна објавата на социјалните мрежи откако тој и неговата сопруга го добија своето прво дете.

aleksandar-belov-stana-tatko-ti-blagodaram-bozhe-shto-stanavme-roditeli-01.jpg

Македонскиот пејач Александар Белов стана татко за првпат. Тој и неговата сопруга Јелена среќните вести ги објавија на социјалните мрежи.

„Ти благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители… Јелена Белов ти благодарам што ја донесе на свет нашата нова заедничка љубов. Се роди Мина Белов“ – напиша на Facebook Белов.

Александар и Јелена по повеќегодишна врска, стапија во брак во септември 2019-тата година, и во моментов живеат во Србија, каде Белов ја гради својата музичка кариера со неговиот бенд „Белов бенд“.

aleksandar-belov-stana-tatko-ti-blagodaram-bozhe-shto-stanavme-roditeli-02.jpgфото: Фејсбук - Александар Белов

Белов кој се прослави кај балканската публика со учеството во талент-шоуто „Операција Триумф“ долго време беше во врска со Јелена Станковиќ (сега Белов), а ја побара за жена во манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

aleksandar-belov-stana-tatko-ti-blagodaram-bozhe-shto-stanavme-roditeli-04.jpg
фото: Фејсбук - Александар Белов

Неколку месеци по запросувањето тие се венчаа во манастирот „Дивостин“ во Крагуевац во присуство на најблиските, а биле присутни и повеќе новинари и јавни личности од Македонија.

aleksandar-belov-stana-tatko-ti-blagodaram-bozhe-shto-stanavme-roditeli-03.jpg
фото: Фејсбук - Јелена Белов

Мина Белов е нивното прво дете.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава