Скопје се збогува од Аки Рахимовски

Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион - Аки Рахимовски.

skopje-se-zboguva-od-aki-rahimovski-01.jpg

Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни.

skopje-se-zboguva-od-aki-rahimovski-03.png

Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на нашиот Аки.

skopje-se-zboguva-od-aki-rahimovski-02.jpgФото: Саша Хузјак

Главното собирање се планира од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“.

„....Тужна ја наша улица од када ниси ту

Јер тужну песму пјевају они што остају...“

skopje-se-zboguva-od-aki-rahimovski-04.jpgФото: Саша Хузјак

Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје.

skopje-se-zboguva-od-aki-rahimovski-05.jpgФото: Саша Хузјак

На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“. Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио. 

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава