Цеце Николова за алопецијата: „Ми паднаа 95% од трепките на десното око, но црвените усни стојат и без трепки“

„Знаат да прашаат - што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен. Не дечки, другарка ми алопеција е. Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“, вели инспиративната млада новинарка Цеце Николова, која беше прогласена за херој на годината од Македонија.

cece-nikolova-mi-padnaa-95-od-trepkite-na-desnoto-oko-mislev-kje-dozhiveam-nerven-slom-01.jpg

Цеце Николова е млада новинарка од Скопје која речиси целиот живот се соочува со алопеција, а пред извесен период собра храброст јавно да ја тргне периката и да му ја прикаже на светот својата различност, односно својата уникатна убавина, со цел да ги инспирира и другите кои се соочуваат со истата ситуација и да им покаже дека не се сами.

Balkan Insight, онлајн изданието на Балканска истражувачка репортерска мрежа (BIRN) токму поради тоа, како и поради активностите со нејзиното Здружение за млади без родители ЗА ТЕБЕ - 4U, кое функционира веќе 2 години, ја избра за херој на годината од Македонија.

Сега, Цеце продолжува со својата мисија и отворено говори и за другите аспекти на алопецијата, односно дека покрај косата, има проблем и со трепките на окото.

Нејзината емотивна исповед на Инстаграм:

„Откако ми паднаа 95% од трепките на десното око (сликана сум со предна камера), кога мислев дека ќе доживеам нервен слом пред првото шминкање на кое нема да можам да ставам римел и после кое најверојатно ќе изгледам како болна (а притоа не би ставила вештачки трепки) - ја почнав да уживам цртајќи си ја устата. Но, буквално да уживам.

Па така, иако без трепки на едно око, си добив супер природен бјути изглед и едвај го чекам секој нареден ден за ново, многу внимателно цртање на устата.

*Трепкиве не се мрднати од септември наваму, ама навистина не ме интересира. Но, поради нив знаат да прашаат - што ти е на окото? Болна си? Мислам дека имаш јачмен.

Не дечки, другарка ми #alopecia е.

Инаку, многу ја сакам сликава, затоа што црвени усни се црвени усни и без трепки и без коса, нели?“

Повеќе фотографии од Цеце:

Прочитајте го и нашето интервју со неа - Цеце Николова (24): „Алопецијата ми помогна да изградам самодоверба, а растењето без родителска грижа ме зајакна“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Цеце Николова блеска со самодоверба на плажа во Египет (фото+видео) „Среќно дете“ - вели за себе Цеце, која ужива во секој момент поминат во Хургада...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...

Најчитани неделава