Македонија низ објективот на туристка од Турција: „Тргнав со предрасуди, но оваа земја ги надмина моите очекувања“

„Скопје ме потсети дека треба да го видам целиот Балкан“ – вели Турчинката која покрај големиот број фотографии од светските метрополи и други магични места од светот, објави фотки и од нашата земја, фасцинирана од знаменитостите, чистите плоштади и улици. 

turchinka-za-posetata-na-makedonija-trgnav-so-predrasudi-no-ovaa-zemja-gi-nadmina-moite-ochekuvanja-01.jpg

Секогаш ни е интересно да видиме како странците што доаѓаат како туристи во Македонија ја доживуваат нашата земја. Што е она што ги фасцинира, што им се допаѓа?

Туристите што доаѓаат во Македонија речиси секогаш ги посетуваат Скопје и Охрид, а често се случува за своите впечатоци да пишуваат и на социјалните мрежи.

Иако во периодот на зимата во Македонија ретко имаме туристи, сепак оваа Турчинка одлучила во текот на новогодишните празници да ја посети нашата земја.

Покрај големиот број фотографии од светски метрополи и други магични места во светот, турската инфлуенсерка која на Инстаграм се јавува под псевдонимот @journey-try, објави фотки и од Скопје и Охрид, до кои пишува за сопствените впечатоци од земјава.

„Го планирав ова патување два месеца претходно, но мора да признаам дека не бев премногу возбудена и имав голем број предрасуди.

Но, овој град ги надмина моите очекувања“ – напиша таа до фотографиите од Скопје.

Во описот до фотографијата напоменува некои од знаменитостите во Скопје што ги посетила како „Камениот мост“, „Археолошкиот музеј на Македонија“, „Македонската Опера и Балет“, „Турската чаршија“, а впечаток ѝ оставиле и плоштадите и чистите улици.

„Скопје ме потсети дека треба да го видам целиот Балкан“ – вели таа.

Освен што објави фотографии од Скопје, таа објави и повеќе фотографии од Охрид, но како што рече, приказната за овој град ќе ја сподели во некои идни објави.

Погледнете ги нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава