Барбара и Мелита Ракичевиќ на Копаоник, Тамара со роденденска честитка за Тијана: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 07 февруари 2022
Андреа Коевска ја слави победата и ќе биде наша евровизиска претставничка, Адријан Гаџа се релаксира во Маврово, нашиот минатогодишен евровизиски претставник Васил Гарванлиев ужива во Чикаго, а пак Бомбакис, дечкото со пораки на картон, се шегува дека за него Супермен, односно Виктор Апостоловски бил негов фаворит за Евровизија.

Тамара Тодевска на емотивен начин со фотографија од детството ѝ го честиташе роденденот на својата сестра Тијана Дапчевиќ.
Таа ѝ порача: Ти да не беше, немаше да ме има и мене. Мој прв идол, моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам сестре бескрајно. Среќен роденден, да победиш на Беовизија и да одиме пак на Евровизија. Биди здрава, среќна, сакана и успешна!“
Сара Мејс и Димитар Атанасовски се на зимување на Златибор, а пак Игор Џамбазов повторно покажува дека најсреќен е во прегратката на Илина Арсова.