Александра Шијакоска, емотивна за роденденот: „Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор, ќе му се изнасмеев“

„Не сакав ни да го прославам роденденот ни да се сликам ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам ДЕНЕС, а не да чекам да се случи нешто. Знам дека се ќе биде добро...“, раскажува храбрата Александра Шијакоска по повод 29-тиот роденден, на само неколку дена пред тешката операција што ѝ претстои поради тумор на мозокот.

aleksandra-shijakoska-emotivna-za-rodendenot-da-mi-kazheshe-nekoj-deka-na-29-godini-kje-se-boram-so-tumor-kje-mu-se-iznasmeev-01.jpg

Во средината на февруари една од нашите најпознати модни инфлуенсерки Александра Шијакоска отворено проговори дека води една од најтешките битки во животот, откако ја добила дијагнозата тумор на мозокот.

Таа говореше отворено за тешкиот период кој ѝ претстои поради комплицираната операција.

Денес (05.03) Шијакоска го прослави 29-тиот роденден и објави прекрасни роденденски фотографии.

Во нивниот опис емотивно долови со што се соочува:

„Пред две години ја читав „Пиреј“ и ми остана во главата. Ние луѓето не сме свесни за силата која ја имаме дури не ни тропне на врата тоа од кое најмногу се плашиме.

Мене многу од работите кои ме плашат ми се случија во една година, но измеѓу имаше и многу среќни моменти. Се трудам да се фокусирам на тие среќни моменти и со нив во глава со цела сила да се спремам за операција.

aleksandra-shijakoska-emotivna-za-rodendenot-da-mi-kazheshe-nekoj-deka-na-29-godini-kje-se-boram-so-tumor-kje-mu-se-iznasmeev-03.jpg

Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев.

По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував.

aleksandra-shijakoska-emotivna-za-rodendenot-da-mi-kazheshe-nekoj-deka-na-29-godini-kje-se-boram-so-tumor-kje-mu-se-iznasmeev-04.jpg

Не сакав ни да го прославам роденденот ни да се сликам ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам ДЕНЕС, а не да чекам да се случи нешто. Знам дека сѐ ќе биде добро.

aleksandra-shijakoska-emotivna-za-rodendenot-da-mi-kazheshe-nekoj-deka-na-29-godini-kje-se-boram-so-tumor-kje-mu-se-iznasmeev-02.jpg

После ова пишуваме книга заедно. Јас ќе раскажувам, а некој добар пишувач ќе пишува. Фала ви на сите за грижата и убавите мисли, ми изгледаше нефер да не ве известам што се случува со мене. Јас сум добро и се спремам за операцијата која е закажана во текот на наредната недела. Вака-така истуркавме до 29.“

Александра отворено и храбро проговори за тешката ситуација со која се соочува во средината на февруари:

Од срце ѝ посакуваме успешна операција, брзо закрепнување и да остане храбра, ведра и насмеана, токму таква каква што сите ја знаеме.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава