Mиа Костова: „Со години се справувам со анксиозноста и паничните напади, но депресијата ме погоди најсилно“

„Пред крајот на мојот ангажман во Дерми, 25 дена пред да се вратам дома, ми се случи нешто како нервен слом. Не бев оптоварена, немав една мисла на која треба да се фокусирам, сè ми течеше лесно како по вода, немав потреба да го заморувам мозокот со ништо, бев толку многу опуштена на море, што мислам дека оттука ми почнаа сите проблеми. Поддршката од Тијана направи да имам чувство дека јас не треба да мрднам со прст... Депресијата не ти дава да чувствуваш ниту задоволство, пример за да седнеш со пријатели, го правам тоа поради тоа што така треба и не одам со чувство на радост“, искрено раскажува Миа Костова.

mia-kostova-so-godini-se-spravuvam-so-anksioznosta-i-panichnite-napadi-no-depresijata-me-pogodi-najsilno-01.jpg

Миа Костова е една од малкуте јавни личности кај нас која секогаш говори отворено на разни теми. Но, сега го сними најискреното видео досега, видео во кое емотивно се соголува и споделува и најинтимни мигови за нејзината борба.

Видео во кое говори за паничните напади, анксиозноста, но и за најтешката битка – соочувањето и справувањето со депресијата.

Дел од нејзиното искрено обраќање:

„Ми беше потребно многу време за да почнам да го снимам ова видео. Верувам дека проблемот што го имам јас, особено во последните две години, верувам дека 70/80% од луѓето го имаат, а верувам дека половина не се ни свесни дека станува збор за анксиозност, панични напади и депресија.

Запомнете дека тоа што јас го кажувам е само мое лично искуство и што мене ми помогнало.

Мојата приказна почнува многу, многу одамна. Многу луѓе велат дека си го знаат тригерот, јас после толку многу години истражување на таа тема, сфатив дека тригер немав, пребрзо пораснав и веќе во осмо одделение и прва година средно заработував свои пари, за да си ги дозволам работите што ги сакам кога од дома ќе ми кажат дека нема.

Порано не се зборуваше дека може да ти се случи паничен напад и дека нема никаква позадина после тоа

Првиот пат, ѝ се јавив на мајка ми и ѝ кажав дека умирам, да дојде... Мајка ми ме најде во положба на фетус и ме прашуваше што сум зела, на раце ме носеше и ме одведе во ургентен центар. Па, кога ми ставаа инфузија, ја гледав иглата и имав паничен поради тоа што ми ставаат. Ме прикачија на ЕКГ, мајка ми се тресе од страна.

Помина еден постар доктор и ѝ кажа на мајка ми ова девојче не е за тука, качете ја погоре и однесете ја на психијатрија.

mia-kostova-so-godini-se-spravuvam-so-anksioznosta-i-panichnite-napadi-no-depresijata-me-pogodi-najsilno-03.jpg

Мајка ми беше лута, но сите резултати посочуваа дека моето здравје е совршено и нема причина за да ми биде лошо.

Потоа почнав да си размислувам дека кога ќе излезам во диско можно е повторно да ми се слоши. Ова траеше со години.

Имав сериозни панични напади. Кој ќе ме спаси ако паднам, ако умрам, дури не ни одев на некои патувања од таков страв.

По години сериозна борба сама со себе, психијатар ми препиша сериозни апчиња.

Но, кога прочитав подетално за апчињата, сфатив дека немам ниту суицидни мисли ниту низа други состојби за кои апчињата се наменети.

Тогаш некако почнав сама да си помагам и да се справувам со паничните напади, да не жртвувам патувања и излегувања.

Му одев контра на паничниот напад и си викав „Ајде падни, што ако паднеш, некој ќе ти помогне“ и научив да живеам со стравот од паничните.

И мора да кажам дека паничните напади чудно ми се намалија во бременоста. Таа преголема грижа за некој друг ми помогна затоа што фокусот ми беше на некој друг. Кога имав дете за кое морам да се грижам и да работам по 2 и 3 работни места за да го исчувам, некогаш позајмував 500 денари до 1-ви...

Сите обврски беа на мене и некако на крајот од денот само сакав во 9, 10 да отворам вино и да легнам да заспијам. Тогаш не бев воопшто анксиозна и многу бев растоварена од панични напади.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
„Со сопругот се впуштивме во мисија - купување стан во Скопје, но со какви предизвици се соочивме?“ „Со сопругот кратко по свадбата почнавме да бараме готов стан во Скопје, цел жив...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg