Коста Петров за паничните напади: „Бев на сите можни лекари - не успеав да ги победам“
- Детали
- среда, 29 октомври 2025
„Кога бев на врвот на моите панични напади, бев на секој можен лекар што постои. На сè живо и диво бев, на сè. Научив, не да го предвидам моментот кога ќе се случат, туку да осетам кога внатрешниот глас сака да ме изманипулира“, вели авторот Коста Петров кој долги години има и анксиозност и панични напади.

Коста Петров, кој зад себе има успешна кариера како писател, меѓу другото, честопати кажал дека се бори со анксиозност и преживува панични напади.
Но, по долга борба, тој нашол начин, не да ги победи, туку да ги смири, па дури и да го предосети нивното доаѓање.
А вели, причината за ова, барем кај него, е успехот кон кој се стремел и кој го искусил низ годините.

Во едно од своите последни гостувања, Коста повторно зборуваше на оваа тема, но вели, тоа што се случувало и што го осознал се однесува само на него, а дека секој треба самиот да ја открие причината за својата анксиозност или за паничните напади.
„Јас кога бев на врвот на моите панични напади, ја бев на секој можен лекар што постои“ - почнува да раскажува Коста.
„Влегуваш во хипохондрија“ - му вели водителот.

„На сè живо и диво бев, на сè. И пак ќе кажам, ова е моја вистина.
Многу луѓе ќе кажат - е како ги победи паничните напади, анксиозноста. Прво, не е тоа нешто што треба да го победиш.
Второ, има професионалци со тоа што се бават. Пак ќе напоменам, зборувам од лично искуство и она што јас сум го спознал преку лична работа.
Кога се случуваат анксиозноста и паничните напади, кажав дека веќе си подготвен за некаква трансформација.
Меѓутоа, многу поважно е да влезеш во сржта на што се должат тие панични напади“, кажува Петров.

„Бидејќи, паничниот напад е продукт на некоја интерна вистина којашто ти ја веруваш“ - му вели водителот.
„Најголемата вистина што јас си открив, што е всушност семето на мојот паничен напад, е тоа што гласот ми ја има изманипулирано целосно дефиницијата за тоа што значи успех.
Кога направив трансформација на таа дефиниција за успех, а тоа е моја лична дефиниција и нема врска со ништо, тогаш почнаа да се намалуваат и паничните напади. Помалку сум анксиозен.
Научив, не да го предвидам моментот, туку да осетам кога гласот сака повторно да ме изманипулира.
Не можам да ти кажам дека ги победив паничните напади и анксиозноста, ама се соочив со нивната вистина“ - додава тој.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
