Позитива на денот: По трите лавчиња, во Скопје ЗОО се родија лемур и лама (фото)

Покрај трите лавчиња, скопската Зоолошка градина има уште две нови бебиња – лемур и лама.

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-01.jpg

Неполн месец откако соопштија дека се родиле три лавчиња, од скопската Зоолошка градина споделија прекрасни новости – се родиле и лемур и лама. Според објавата, реткост е во зоолошка градина да се роди лемур.

Среќните вести беа споделени на официјалниот Фејсбук профил на Скопје ЗОО.

„Уште едно бебе подмладок во Скопје ЗОО, имаме радост и кај ламите“, гласи едната објава.

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-03.jpg

„Принова и кај лемурите. Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето“, пишува во втората објава.

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-07.jpg

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-08.jpg

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-09.jpg

Од Зоолошката градина исто така споделија и нови фотки од малите лавчиња.

„По речиси еден месец од раѓањето, малите бебиња супер напредуваат. Мама Бела, но и тимот кој се грижи за нив, постојано се посветени на лавчињата“.

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-02.jpg

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-04.jpg

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-05.jpg

pozitiva-na-denot-po-trite-lavchinja-vo-skopje-zoo-se-rodija-lemur-i-lama-foto-06.jpg

Прочитајте повеќе: Во Скопје ЗОО се родија лавчиња за првпат по повеќе од 20 години – позитива на денот!

Спирова С. | Црнобело

Фото: Скопје ЗОО, Горан Анастасовски

Би можело да ве интересира:

Во Скопје ЗОО се родија лавчиња за првпат по повеќе од 20 години – позитива на денот! Една од најубавите вести која ни го направи денот – во скопската Зоолошка градин...
Спасени животи, спортски успеси – убави моменти по кои Македонците ќе ја помнат 2021 Добрите луѓе им приредија неколку изненадувања на дечињата од Детската клиника в...
Масовна видео продукција и екипа ја претворија Автокоманда во филмски сет Топлите летни денови веќе подранија, но оваа мајска сабота во Скопје нешто сосем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg