„Неверојатна изведба во живо“ – Нашата евровизиска претставничка ги воодушеви присутните во Израел (фото+видео)

„Навистина ми беше чест што ја имав можноста да те следам во живо, го имаш мојот глас и моето срце“ - велат дел од присутните што имаа можност да ја слушнат Андреа Коевска на настапот во Израел, каде повеќе евровизиски претставници се собраа за да ги промовираат своите песни.

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-01.jpg

Евровизија 2022 е речиси на прагот. Пред конечниот настап во Торино, повеќе евровизиски претставници се собраа во Израел во Арената Менора Мистичим, каде во рамки на концертот Israel Calling 2022 ги промовираа претставничките песни.

Меѓу 24-те претставници беше и нашата Андреа Коевска која имаше моќна изведба на песната Circles пред преполната сала во Тел Авив.

Голем број од присутните во арената упатија позитивни критики и коментари на нејзиниот Инстаграм профил каде таа објави повеќе фотографии од гостувањето во Израел.

„Беше толку добро синоќа, што навистина ми беше чест што ја имав можноста да те следам во живо. Го имаш мојот глас и моето срце. Многу љубов од Израел“.

„Твојата изведба во живо е неверојатна, уште еднаш беше неверојатна“.

„Беше фантастична“.

„Оваа песна заслужува да влезе во финале...“

Ова се само некои од позитивните коментари што Андреа ги доби на социјалните мрежи и под видеото од изведбата објавено на YouTube.

Инаку, годинава Евровизија ќе се одржи од 10-ти до 14-ти мај во Торино. Андреа ќе настапи 11-та по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12-ти мај.

Погледнете како звучеше Circles во изведба на Андреа во Израел:

Погледнете повеќе фотографии од гостувањето на Андреа во Израел:

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-02.jpg

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-03.jpg

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-04.jpg

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-05.jpg

neverojatna-izvedba-vo-zhivo-prisutnite-so-pozitivni-kritiki-za-mokjnata-izvedba-na-andrea-vo-izrael-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава