Кои се македонските натпреварувачи во трката за таленти на српското IDJShow?

Најголемата и долгоочекувана регионална трка за таленти IDJShow која започна на 20 март е вистинско музичко освежување.

Bliznacite-Davor-i-David-i-Ljupka-Arsovski-Koi-se-makedonskite-natprevaruvachi-vo-trkata-za-talenti-na-IDJShow 01 630x330.jpg

Станува збор за високобуџетен телевизиски формат кој се емитува секоја недела на каналот IDJTV, каде публиката има можност да се запознае со натпреварувачите и жирито, како и со нивниот начин на оценување на учесниците.

Релја Поповиќ, Теодора Џехверовиќ и нашиот македонски бисер Дарко Димитров овојпат ја имаат главната улога при изборот на вистинските идни музички ѕвезди.

Како што веќе беше најавено, целта на првите епизоди на овој натпревар беше да се изберат 24 натпреварувачи кои ќе имаат можност заедно да настапат на големата сцена.

Последната недела публиката имаше можност да види како овие 24 натпреварувачи се снајдоа на големата сцена, каде жирито своите коментари ги делеше од специјално дизајнирани автомобили наменети исклучиво за IDJShow.

Во групата од 12 финалисти се наоѓаат три македонски млади сили, двајцата браќа близнаци Давид и Давор од Скопје и автентичната Љупка Арсовска која доаѓа од Неготино.

Младите момци Давид и Давор имаат неколку свои авторски песни на YouTube, а неготинчанката Љупка беше натпреварувач и во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тројцата се навистина актуелни на социјалните мрежи и исклучително добро ги следат тековните трендови.

Во продолжение повеќе фотки од нив:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Ѝ ги врзува сандалите, ја храни со школки - Љупка Митрова и сопругот разменуваат нежности на Капри Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности,...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...

Најчитани неделава