Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


„Кога гледам колку сум сакана, многу ми се живее“ - Александра Шијакоска ја објави првата фотографија од себе дома, по операциите (фото)

„Доколку ја носам косата на едната страна не се познава каде немам коса. Значи ова ми е новата фризура. Во лицето сум отечена како бумбар, од сите лекарства, терапии, успивања, па ова е новата поза. Пуста желба за слика...“, вели Александра Шијакоска по четирите операции на мозокот и конечното пуштање дома за Велигден.

vo-liceto-sum-otechena-kako-bumbar-aleksandra-shijakoska-ja-objavi-prvata-fotografija-od-sebe-doma-po-operacite-foto-01.jpg

Александра Шијакоска по четири операции на мозокот за Велигден конечно беше пуштена дома, а по видеото од велигденската атмосфера во нејзиниот дом, за која биле заслужни нејзините најблиски, сега таа ја објави и првата фотографија од себе.

Позира во розoво одело и изгледа одлично.

На Инстаграм таа објави:

„Една од омилените работи во болница ми беше да нарачувам работи кои не сум сигурна дека ќе има кога да ги носам. Оделото си го нарачав уште првиот пат со надеж дека ќе го носам штом си одам дома и штом сум подобра.

Иако сè се одложи за месец-два се надевам дека доаѓаат подобри времиња. 

Доколку ја носам косата на едната страна не се познава каде немам коса. Значи ова ми е новата фризура. Во лицето сум отечена како бумбар, од сите лекарства, терапии, успивања, па ова е новата поза. Пуста желба за слика.

А кога ќе видам колку сум сакана и кој сè имам во животот многу ми се живее. Многу сакам овојпат да сум подобро и да е сè во ред.

Знам дека ме чека долг пат и дека никогаш нема да биде исто, ме чекаат многу прегледи, магнетни, надгледување на ситуацијата, ама овојпат ќе бидам многу посилна и поспремна на сè.“

Првата фотографија од Шијакоска по операциите:

vo-liceto-sum-otechena-kako-bumbar-aleksandra-shijakoska-ja-objavi-prvata-fotografija-od-sebe-doma-po-operacite-foto-03.jpg

vo-liceto-sum-otechena-kako-bumbar-aleksandra-shijakoska-ja-objavi-prvata-fotografija-od-sebe-doma-po-operacite-foto-02.jpg

Видео од велигденската атмосфера во домот на Шијакоска:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска се огласи 8 дена по операцијата на тумор на мозокот: „Животот ми даде уште една... Со фотографии од болница храбрата Александра Шијакоска (29) од Битола вели: „Тук...
„Во Сливница плажата е песочна, плитко е за деца, a две лежалки и чадор чинат 200 денари“ „Има огромен паркинг за автомобили, плажата е песочна, водата топла, претежно пл...
Хуман дечко од Битола спаси куна, која била речиси мртва - ѝ давал млеко со цуцла, ја однел на ветер... Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg