5 мај – Ден на македонскиот јазик, по што се издвојува мајчиниот од останатите јазици?

Денес прославуваме точно 77 години од усвојувањето на македонската азбука. 5 мај 1945 година е денот кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

5-Maj-den-na-makedonskiot-jazik-01.jpg

Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130 седница на Владата, одржана на 16 април 2019 година.

Македонски јазик e јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија.

Македонската азбука е заснована на кирилицата со мали адаптирања согласно фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката брои 31 буква и е заснована на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.

Неколку од карактеристичнитe особини на македонскиот јазик се неупотребата на падежи, третосложното акцентирање, двојниот предмет, минато идно време, како и буквата Ѕ по која македонскиот јазик се издвојува од останатите јазици.

Повеќе од седум децении македонскиот јазик е признаен член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.

Македонскиот јазик е јазикот на кој твореле Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин и останатите македонски книжевни великани.

Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет.

Да си го чуваме и негуваме, бидејќи како што рекол Блаже Конески:

„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...

Најчитани неделава