Калиопи со евровизиски спомени и искрен коментар за Андреа и Констракта на Евровизија 2022

Дали се сеќавате дека Калиопи била избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 1996 година, но поради промена на правилата не настапила на евровизиската сцена, и наш прв претставник е Владо Јаневски во 1998 година?

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-01.jpg

Калиопи за српскиот портал „Toxic“ се потсети на времето кога таа настапуваше на Евровизија и потврди дека за неа евровизиската сцена е навистина нешто посебно, дека публиката таму е неверојатна затоа што има огромни евровизиски фанови и дека тој аплауз и навивање ќе го помни до крајот на животот.

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-03.jpg

Таа ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2012 година со песната „Црно и бело“ и во 2016 година со песната „Дона“.

Калиопи и во 1996 година победи на Скопскиот фестивал со песната „Само ти“, за која освои Grand Prix, но таа година, Калиопи како победник на фестивалот од кој се одбира македонскиот претставник за на Евровизија, требаше да ја претставува Македонија, меѓутоа поради наметнати правила во полуфиналето, не успеа да се претстави на евровизиската сцена.

Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 кога Владо Јаневски нè претстави со песната „Не зори зоро“.

На прашањето како ѝ се допаѓа македонската претставничка Андреа, Калипи вели:

„Ја познавам Андреа, имам работено со неа. Андреа е еден млад талент со своја приказна, има свој продуцент кој работи со неа. Го менторирав нејзиното пеење и малку ѝ помогнав да ја надгради таа приказна за во Торино. Таа е прекрасна девојка, многу талентирана, културна, прекрасна.“

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-09.jpg

Потоа, Калиопи го кажа и својот став за српската претставничка:

„Мислам дека не постои личност на Балканот кој има да каже нешто лошо за Констракта. Таа е поинаква и своја, јас ги знам и нејзините песни од групата ‘Земља грува’. Таа е сериозен талент. На текстот на песната на Констракта никој не може да остане рамнодушен.“

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-08.jpg

Постари фотографии од евровизиската трка на Калиопи:

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-04.jpg

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-11.jpg

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-10.jpg

kaliopi-so-evroviziski-spomeni-i-iskren-komentar-za-andrea-i-konstrakta-na-evrovizija-2022-05.jpg

С. С. | Црнобело / фото: eurovision.tv

Би можело да ве интересира:

Калиопи емотивна за роденденот на бившиот сопруг Ромео Грил - му честита со ретро фотки (видео) „Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, не...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интере... „5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзин...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Кристијан од Скопје со искрена исповед: „Живеев 7 месеци во автомобил во Сиднеј, спиев на паркинг на... „Не беа само високите цени за сместување во Сиднеј причината, сакав да се предиз...

Најчитани неделава