„Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра

(Скопје, 18 мај 2022) Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“.

makpetrol-povtorno-lazhna-nagradna-igra-01.jpg

Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно.

„Макпетрол“ повторно укажува дека е во прашање компјутерска измама која што може да ја загрози безбедноста на корисниците, нивните електронски уреди, лични податоци, но и тие на кои што пораките евентуално би биле препратени.

- Единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk. „Макпетрол Ultra“ е официјален профил на Facebook. Традиционално, „Макпетрол“ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра  и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со „Макпетрол“  - истакнуваат од компанијата.

Наведената лажна наградна игра е пријавена кај надлежните институции.

makpetrol-povtorno-lazhna-nagradna-igra-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
Емотивна објава на Македонка: „Колку ли пати преплашената мајка си ги избришала солзите за детето да... „Цела ноќ плачам... Ниту еден срам не вреди повеќе од вашиот живот. Ниту една за...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава