Запросување на девојка од Штип при пливање со делфини во Турција (фото)

„Моја животна желба ми беше да бакнам делфин, па кога стигнавме таму тој ми рече дека сега е вистинскиот момент за остварување на мојата желба. Додека јас пливав со делфинот, Александар успеал да организира инструкторот да ме задржи повеќе од предвиденото и тој да влезе со прстенот...“, раскажува Симона Тодоров (22) од Штип за CRNOBELO.com.

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-01.jpg

Симона Тодоров (22), студент на Економски факултет во Штип е во брак со Александар Тодоров (24) исто така студент на Економски факултет во Штип.

Таа за CRNOBELO.com се присетува на убавите спомени од мигот кога Александар ја запросил.

Ни открива дека по 7 години врска, тој ја запросил додека биле на летен одмор во Труција.

Симона вели:

„Запросувањето се случи на нашиот летен одмор во Турција, кое ни беше планирано 3 месеци однапред.

По одморот, Александар ми откри дела одлучил да ме запроси само неколку седмици пред да тргнеме, чувствувал дека тоа е вистинското место.

Најинтересно е тоа што тој го криел прстенот во мојот автомобил, а јас не го ни видов.

Запросувањето се случи во Аква паркот „Land of Legends“ во Турција.

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-06.jpg

Моја животна желба ми беше да бакнам делфин, па кога стигнавме таму тој ми рече дека сега е вистинскиот момент за остварување на мојата желба и отиде ми уплати и закажа термин во 15:15 часот да пливам со делфин.

Јас со нетрпение го очекував тој момент, ги броев секундите кои ме делат од остварување на мојата животна желба.

Додека јас пливав со делфинот, Александар успеал да организира инструкторот да ме задржи повеќе од предвиденото и тој да влезе со прстенот.

Кога инструкторот ми кажа дека имам нешто на рамото и ми рече да се завртам, верувајте дека кога го видов Александар со прстен не знаев дали е реалност или некој сон.

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-02.jpg

Во еден момент ми се исполнија две животни желби, за кои мечтаев со години. Затоа засекогаш ќе го помнам датумот 10.08.2021.

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-07.jpg

Сега, во брак сме веќе 8 месеци, кои за мене не претставуваат ништо ново бидејќи јас и Александар веќе 3 години претходно живеевме заедно и ги имаме стекнато животните навики за брачен пар.

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-04.jpg

Доволно се познаваме, си ги знаеме и позитивните и негативните страни и одлично функционираме и се надополнуваме.“

zaprosuvanje-na-devojka-od-shtip-pri-plivanje-so-delfini-vo-turcija-foto-05.jpg

Доколку сакате и вие да го споделите вашето уникатно запросување и љубовната приказна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Даниел од Охрид ја запроси саканата Сандра на Канео: „Од возбуда го заборавил прстенот, го избра мес... „Планот за запросување Даниел го смисли уште во јануари, а во мај им го откри на...
Рашид (24) од Велес ја запроси саканата во Позитано: „Се плашев да не ме прашаат за прстенот на аеро... „Замолив девојка да нè слика ѝ го дадов телефонот, но го вклучив видеото. Го изв...
Валентин од Охрид ја запроси саканата на ракометен натпревар во Прага - клекна на колено среде терен Во навивачки дресови на својот омилен клуб ГРК Охрид, парот се симнаа на ракомет...
Антониа Гиговска дува свеќички со синот по роденденот и второто запросување од Џокер: „Ах, каква ноќ... „Велат дека со 25 години започнува ново поглавје, па ајде тогаш нека биде најдоб...

Најчитани неделава