Две мечки од Скопје ЗОО испратени во резерват во Швајцарија – останатите две ќе добијат поголемо и поубаво живеалиште (фото)

Поради немање доволно простор, две од четирите мечки во Скопје ЗОО се испратени во резерват во Швајцарија, додека останатите две сега ќе добијат поголемо, но и поубаво живеалиште во зоолошката.

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto-01.jpg

На официјалната Фејсбук страница на Скопје ЗОО открија дека две од мечките за коишто се грижеа се испратени во Швајцарија во резерват.

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto-02.jpg

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto-03.jpg

Од зоолошката истакнуваат дека живеалиштето на мечките е едно од постарите и нема доволно простор за четири мечки.

Затоа, две од нив испратиле во Швајцарија, додека другите две – Бим и Бум – сега ќе имаат повеќе простор, но и реновирано живеалиште.

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto-04.jpg

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto-05.jpg

Од Скопје ЗОО споделија и фотографии на кои се гледа како се одвивал транспортот, а ветуваат дека наскоро ќе имаме можност да погледнеме и видео од успешната мисија.

Нивната Фејсбук објава во целост:

„Скопје ЗОО и Four Paws International во уште една успешна мисија.

Двете мечки од скопската зоолошка отпатуваа во нов живот во резерватот во Швајцарија – Arosa Bearland Sanctuary.

Живеалиштето за мечки во нашата зоолошка е едно од постарите, а мечињата кои живеат тука уште од мали се донесени овде бидејќи останале без мајки поради човечки фактор и недозволен лов. Во недостиг на резерват за мечки во државата, секогаш тимот на ЗОО Скопје пробувале да помогнат на што повеќе мечки, но градината нема доволно простор за сите.

Во живеалиштето за мечките, до средата живееја четири мечки во три посебни делови. Бим и Бум во заеднички дел, а братот и сестрата кои имаат по 18 години во две посебни живеалишта. Не беше возможно да се направи реконструкција на живеалиштата, ниту пак редовно да се средуваат поради тоа што немаше начин ниту простор да се спојат сите четири мечиња“.

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto09.jpg

„Во разговор со нашите соработници од Four Paws, дојдовме до заеднички решение кое е хумано за сите четири мечки – братот и сестрата да заминат во преубавиот Ароса парк, а Бим и Бум да добијат трипати поголем простор и реновирано живеалиште по светски стандарди кое ќе го правиме со експертизата на Four Paws и искуствата од нивните резервати за мечки кои ги имаат низ Европа.

Благодарност до оваа најголема светска организација за заштита на животните за прекрасната соработка која ја имавме изминатиот период, бидејќи процесот за транспорт на двете мечки беше подолг, а нивниот и нашиот тим дадоа сè од себе мечките безбедно и здрави да пристигнат во Швајцарија. Работевме заедно деноноќно, сите среќни дека четирите мечки ќе имаат подобра иднина и поголема благосостојба. Во прилог фотографии од нашата заедничка мисија, а наскоро и видео од целиот пат. Продолжуваме и понатаму заеднички да се бориме за животните“.

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto10.jpg

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto11.jpg

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto12.jpg

dve-mechki-od-skopje-zoo-isprateni-vo-rezervat-vo-shvajcarija-ostanatite-dve-kje-dobijat-pogolemo-i-poubavo-zhivealishte-foto13.jpg

Скопје ЗОО и Four Paws International во уште една успешна мисија ❤️ Двете мечки од скопската зоолошка, отпатуваа во нов...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Saturday, May 21, 2022

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Масовна видео продукција и екипа ја претворија Автокоманда во филмски сет Топлите летни денови веќе подранија, но оваа мајска сабота во Скопје нешто сосем...
Вирален статус на Драган Спасов Дац: „Скопје мое, те плукаат ли? Но, им кажа ли за плажите на Вардар... „Скопје, им кажа ли за плажите на Вардар? За корзото на плоштад и за корзот...
Скопје ЗОО во спасувачка акција: Згрижен коњот кој беше пронајден на тераса во Дебар Маало (фото) На тераса во руинирана зграда во Скопје, коњот бил оставен сам на себе без храна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg