Залутана овца на паркингот во Градски трговски центар Скопје – никој не знае чија е и како се нашла таму (видео)

Во група на Фејсбук беше споделено видео на кое се гледа залутана и исплашена овца на паркингот во ГТЦ Скопје. Според коментарите на објавата, не е познато чија е овцата ниту дали сега е згрижена, но подоцна е забележана и низ улиците на главниот град.

zalutana-ovca-na-parkingot-na-gradski-trgovski-centar-nikoj-ne-znae-chija-i-kako-se-nashla-tamu-video-01.jpg

По коњот кој беше спасен од тераса во Дебар Маало, во Скопје се случи уште еден сличен инцидент, овојпат со залутана овца.

Во Фејсбук групата „Миленичиња“ беше споделено видео на кое се гледа овца која залутала во подземниот паркинг на Градскиот трговски центар.

„Ве молам кој може да интервенира, пријавив и во полиција и сè уште нема ништо. Овца во ГТЦ“, стои во описот на видеото.

zalutana-ovca-na-parkingot-na-gradski-trgovski-centar-nikoj-ne-znae-chija-i-kako-se-nashla-tamu-video-03.jpg

zalutana-ovca-na-parkingot-na-gradski-trgovski-centar-nikoj-ne-znae-chija-i-kako-se-nashla-tamu-video-04.jpg

Видеото беше споделено пред два дена, односно на 18-ти јуни, но според коментарите, уште не се знае како животното се нашло на паркингот, ниту што се случило потоа.

zalutana-ovca-na-parkingot-na-gradski-trgovski-centar-nikoj-ne-znae-chija-i-kako-se-nashla-tamu-video-06.jpg

Во коментари, неколку Фејсбук корисници споделиле уште едно видео на кое се гледа истата овца покрај Vero Jumbo.

zalutana-ovca-na-parkingot-na-gradski-trgovski-centar-nikoj-ne-znae-chija-i-kako-se-nashla-tamu-video-07.jpg

Некои корисници истакнуваат дека овцата би требало да биде згрижена во зоолошка и наводно од Зоолошката градина во Скопје веќе се погрижиле за неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Емотивна објава на Македонка: „Колку ли пати преплашената мајка си ги избришала солзите за детето да... „Цела ноќ плачам... Ниту еден срам не вреди повеќе од вашиот живот. Ниту една за...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава