Спектакуларната пештера Врело во кањонот Матка, низ обjективот на инстаграмџиите

Со 20-минутно возење со чамец ќе стигнете до една од најголемите атракции во Македонија... Пештерата Врело е неверојатно доживување, а кањонот Матка навистина е наше непроценливо богатство.

prekrasnata-peshtera-vrelo-vo-kanjonot-matka-niz-obejktivot-na-instagramdjiite-01.jpg

Кањонот Матка е едно од најубавите места во Македонија, а пештерата Врело само го надополнува шармот на ова место.

Кога ќе се спомене Врело, треба да нагласиме дека всушност станува збор за две пештери (подводна и надводна), од кои подводната е со досега откриена длабочина од 230 метри, што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа, но длабочината не е целосно откриена.

Но, туристите со задоволство ја посетуваат надводната пештера Врело.

До таму се стигнува со организиран превоз со чамец, возење кое трае околу 20 минути. Чамецот застанува на специјално направена платформа, а потоа се пешачи до влезот на пештерата.

Веднаш на влезот се наоѓа т.н. „концертна сала“. Централниот простор го зазема сталактитот „шишарка“ (висок два метра), според кој е наречена втората сала (сала на шишарката), додека понатаму е третата сала (сала на езерата).

Во пештерата може да се сретнат и лилјаци.

Доживејте ја атмосферата преку фотографиите на инстаграмџиите:

С. С. | Црнобело / инфо: Википедија

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава