Светскиот диџеј Тими Трампет на настап во Охрид го вееше македонското знаме и ги пушти „Јовано Јованке“ и други наши песни (видео)

Го развеа македонското знаме, а публиката ја крена на нозе откако ги пушти „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано, Јованке“ за време на својот настап – австралискиот диџеј Тими Трампет во свој стил ја вжешти атмосферата во публика пред националниот празник Илинден, за време на фестивалот Ohrid Calling.

bravo-svetski-poznatiot-di-djej-timi-trampet-vo-ohrid-go-veeshe-makedonskoto-zname-i-vkluchi-makedonski-pesni-vo-svojot-set-video-01.jpg

Во периодот од 28-ми јули до 1-ви август годинава во Охрид традиционално се одржа фестивалот Ohrid Calling, а годинава главна ѕвезда беше светски познатиот диџеј Тими Трампет.

Пред 11-илјадната публика, во пресрет на големиот македонски празник Илинден, австралискиот диџеј Тимоти Џуд познат како Тими Трампет одлучи да го развее македонското знаме и во својот сет да вклучи македонски традиционални песни.

На социјалните мрежи може да се забележат видеа како публиката реагира откако Австралиецот одлучи во своите сетови да ги пушти препознатливите македонски песни: „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано Јованке“.

Инаку, Тими Трампет е диџеј, продуцент и текстописец, што во 2020-тата година успеа да се искачи на 9-то место во листата на топ 100 светски диџеи.

Препознатлив е по звукот на трубата, но и по незаборавните забави што ги приредува на своите гостувања.

Македонците долго ќе го помнат неговото гостување во Охрид:

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Модно усогласена со ќерките, разменува нежности со сопругот - Љупка Митрова се вљуби во Венеција По неколкуте патувања на кои беше сама со сопругот Георги, овој пат Љупка ја пос...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава