Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Почина Примириус доктор Тодор Ношпал - човекот со лавовско срце

По кратко боледување згасна животот на познатиот македонски ортопедски хирург Примариус Доктор Ношпал.

pochina-primirius-doktor-todor-noshpal-chovekot-so-lavovsko-srce-01.jpg

Беше врвен професионалец, најдобриот во класата, човек за кој не постоеја граници, врвови кои не можат да се освојат.

Пациентите во него препознаваа блискост како кон одличен доктор и пријател на кого можат да му веруваат и да другаруваат.

Беше посебен. Знаеше во се и со секого да внесе емоција, љубов, емпатија. Ја сакаше и целосно и се посвети на медицината, ортопедијата, подготвен да помогне и да ги изврши и најтешките операции со верба и резултат со најголем успех.

Беше редок човек.Имаше став, пофалба и критика, кога е потребно. Беше борец, уметник, писател, поет, раскажувач, вљубеник во природата,животните, ракометот, неговото Скопје, ...Дебар Маало...Македонија.

Доктор Ношпал е роден во Скопје 1962 година. Средното образование го завршува како првенец на генерацијата во Гимназијата Никола Карев.

Веднаш по завршувањето на Медицинскиот Факултет во Скопје, започнува неговата професионална кариера на Клиниката за ортопедски болести, каде останува се до 2012 година,  извршувајќи ги најкомплесните операции во областа и достигнувајќи ги највисоките раководни дејности.

Подоцна беше дел од болниците: Свети Лазар, Неуромедика, Санте Плус, Филип Втори, Медика Истамбул - Тетово, Болница ЕВРОИТАЛИЈА. Со години наназат своето знаење го пренесуваше со огромен успех во неговата приватна Ортопедија  Ношпал. Беше и официјален доктор на А- Тимот на Македонската кошаркашка репрезентација.

Животот на Тоде, како што најблиските и пријателите го викаа беше авантура, ...една прекрасна приказна, која ќе продолжи да се раскажува и да се создава од почеток... бидејќи за таквите луѓе крајот не постои...

Би можело да ве интересира:

Дарко Панчев, Маја Вукичевиќ: Македонски познати личности кои се во 50-тите години од животот Од Билјана Дебарлиева до Никола Ристановски... Кои наши познати личности се во 5...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg