Дечко од Битола романтично ја запроси саканата, со која се неразделни од забавиште: „Ја сакав потајно цел живот“

Со специјална декорација во вила во Охрид и три девојки кои ја изведуваат песната „Perfect“ на виолини, посветена на неа, Илче ја запроси саканата, за која вели: „Анита освен што ја сакав потајно цел мој живот, таа е сè што сакав, сакам и ќе сакам цел мој живот... Ми го сврте светот наопаку.“

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-01.jpg

Илче од Битола ја запроси својата сакана Анита на романтичен начин по поминати 27 години заедно млади, диви и слободни, и тоа почнувајќи од забавиште, основно, средно училиште, каде делеле и школска клупа, па сè до студии и потоа во еден миг сета дружба преминала во љубов.

Анита, која исто така е од Битола, има сопствен бизнис и е управител на студио за убавина, а Илче е познат close protection (телохранител) на политичари и бизнис луѓе. 

За саканата Анита и целата организација околу запрoсувањето, Илче открива за CRNOBELO.com:

„Анита освен што ја сакав потајно цел мој живот, таа е сè што сакав, сакам и ќе сакам, љубовта е сè што ми треба и ја најдов токму во нејзиното срце. Среќен сум што секоја моја наша замисла стана реалност.

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-03.jpg

Токму затоа и на запросувањето ѝ ја посветив песната „Perfect“.

За организацијата и реализацијата ми помогна нејзината сестра близначка, која најдобро ја познава.

Во кутијата имаше 7 прстени избрани внимателно еден по еден, со различен дизајн и изработка, а се токму толку затоа што бројот 7 ми носи среќа, а и нејзиниот вкус е многу истанчен, па сакав да има доволно опции за да го направи најдобриот избор.

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-07.jpg

Одлучивме да биде во една раскошна вила во Охрид, а покрај декорацијата имаше и три девојки, задолжени за музиката, кои ја изведуваа песната „Perfect“ на виолини.

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-05.jpg

Анита знаеше дека одиме на забава на мој колега од Скопје, па во целиот хаос околу нејзините работни обврски, за среќа, не ме забележа додека организирав сè.

Кога веќе стигнавме пред вилата во Охрид ѝ ги затворив очите со црна лента, па сè до моментот на настанот јас ја водев и се движеше со мене.

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-04.jpg

Возбудата, еуфоријата и чувствата беа неповторливи...

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-02.jpg

Беше навистина изненадена, воопшто не очекувала и како момент што ќе се памети е што не се сеќава точно на мигот кога ја прашав „Дали ќе се омажиш за мене“, сè ѝ е во бунило и магла, но најважно е што ми кажа „да“ и од тој момент ми го сврте светот наопаку.“

Фотографии од запросувањето:

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-06.jpg

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-09.jpg

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-10.jpg

dechko-od-bitola-romantichno-ja-zaprosi-sakanata-so-koja-se-nerazdelni-od-zabavishte-ja-sakav-potajno-cel-zhivot-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хуман дечко од Битола спаси куна, која била речиси мртва - ѝ давал млеко со цуцла, ја однел на ветер... Браво! Јове (31) од Битола е нашата позитива на денот. „Еден другар ми се јави д...
Дечко од Радовиш ја запроси саканата во пустина во Дубаи на роденденско патување (фото) „Дубаи беше една од најпосакуваните дестинации како избор за роденденско патувањ...
Дечко од Скопје се обидува да спаси скршени дрвца пред зграда, по поплавите и невремето „Од невремето вчера се скршија или паднаа повеќе млади дрвца кај мене пред зград...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg